ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јовановска: Пензискиот фонд е во стабилна состојба и нема проблем со одржливоста на буџетот

July 18, 2021 10:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано, вели Јовановска.

Посочува дека во првите пет месеци приходите остварени во споредба со првите пет месеци од 2020 година се зголемени за 6,5 проценти, а во делот на она што беше планирано за првите пет месеци – има зголемување за два процента. Тие показатели упатуваат дека Пензискиот фонд е стабилен, нагласува Јовановска, и додава дека во моментов, според податоците на Фондот, и бројот на осигуреници е зголемен во споредба со истиот период 2020 година.

На прашањето што треба граѓаните да направат за да бидат сигурни дека ќе добијат решение за пензија, особено ако недостигаат информации во Фондот или, пак, доколку фирмата не плаќала придонеси за одреден период, Јовановска во интервјуто ги советува граѓаните работниот стаж да го проверат не на денот кога ќе го остварат правото на пензија, туку тоа може да го направат додека се уште се во работен однос.

– Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот или преку uslugi.gov.mk, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервјуто за Радио Слободна Европа.

извор: МИА
Next Post

Заев на ФБ: Правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk