ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Со општина Карпош започна Проектот за подобрување на социјалните услуги, први корисници се 60 лица над 65 години

July 19, 2021 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  на Црвениот крст им ја додели дозволата за вршење на дејноста.

„Оваа социјална услуга има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување и тоа преку  помош во извршување на активности од секојдневниот живот. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка до сега се поддржани 19 проекти во 24 општини. За давање на услуги обучени се 300 лица – негуватели, кои до сега биле долгорочно невработени лица и корисници на Гарантирана минимална помош, а со услугите ќе бидат опфатени околу 900 корисници“,рече министерката Шахпаска.

Стратешка цел на социјалната реформа, која заедно ја спроведуваат македонската влада и  Министерството за труд и социјална политика е да обезбеди темелни промени во зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на живот во земјата.

„Си зададовме задача да создадеме промени во овој сегмент што ќе резултираат со нови достапни социјални услуги, според потребите на граѓаните и кои ќе бидат поблиску до корисниците. Навистина сме горди што преку овој нов инклузивен модел овозможуваме двојна придобивка. Прво – се креира услуга која навистина нуди нова додадена вредност за оваа категорија на граѓани и ќе им овозможи реална помош, и второ – оваа услуга како и другите што произлегуваат од социјалната реформа нуди можности за вработување и преквалификација. Ова е навистина еден сеопфатен пример за социјална политика која е базирана на што поголема интеграција на ранливите групи, со што се подобрува нивниот квалитет на живот“, рече министерката Шахпаска, посакувајќи им успех во работата на „Нега Центар Карпош“ и на Црвниот крст на Град Скопје.

Социјалната реформа се темели на четири постулати: плурализација – преку која покрај државата овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата, инклузија – преку што се менува традиционалниот пасивен, во активен пристап, деинституционализација, која е еден од главните столбови на Законот за социјална заштита и децентрализација, со што се вклучуваат и општините во процесот на социјални услуги.

„Од денеска, започнуваме со спроведување на уште една социјална услуга на локално ниво  во општина Карпош која е од големо значење за граѓаните. Имајќи предвид дека Карпош е општината со најголем број на возрасни сограѓани, среќен сум што овие домашни посети стануваат реалност. Нашите баби и дедовци, оние кои нè израснале заслужуваат достоинствена старост и вистинска грижа. Сите информации и новости во врска со услугата, ќе можат да се добијат и во инфо – канцеларијата на мостот „Влајко“, истакна Стефан Богоев градоначалник на општина Карпош.

Секретарот  на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пановска рече дека од  денес старите лица кои имаат потреба од помош ќе имаат негуваели кои е се грижат за нивните секојдневни потреби.

„ Овие лица ќе бидат и нивни пријатели и искрено се надеваме дека ќе внесат свежина и радост во нивниот секојдневен живот и ќе им помогнат. Како и досега така и од сега, поддршката од страна на Министерството за труд и социјална политика и Општината Карпош е од огромно значење. Успехот и понатаму ќе зависи од нашата взаемна соработка“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар во Црвениот крст во Скопје.

Проектот е поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа, бидејќи со вклучувањето на општините значително се подобрува достапноста на услугата до граѓаните.

 

Next Post

Спасовски упати благодарност на израелскиот амбасадор Оријан за безрезервната поддршка од страна на Израел

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk