ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на Претседателот Џафери со Дан Орјан

July 19, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес го прими во проштална посета амбасадорот на Државата Израел во Република Северна Македонија, Н.Е. Дан Орјан, во придружба на Почесниот конзул на Израел во Скопје, г. Градимир Шумковски.

На почетокот на средбата, амбасадорот го истакна задоволството од постигнатиот напредок во билатералните односи, широкиот спектар на средби остварени меѓу институциите, воспоставената соработка и значајните проекти кои се во тек и за севкупниот потенцијал на соработката меѓу двете пријателски држави, Република Северна Македонија и Државата Израел. Информираше за очекувањата на Претседателот на Кнесетот за продлабочување на соработката меѓу двата парламента и особено меѓу парламентарните групи за соработка. Се заблагодари за сесрдниот ангажман на Претседателот Џафери во афирмацијата на споменот за Холокаустот, како и за поддршката и учеството на сите настани кои се организираа во земјава, а кои имаа за цел да ја подигнат општествената свест за овие прашања.

Претседателот Џафери, изрази задоволство од средбата и ја потенцираше отвореноста и подготвеноста на Собранието на Република Северна Македонија за парламентарна соработка во сите аспекти и нивоа, бидејќи парламентарната дипломатија многупати досега покажа дека е без стеги и формални ограничувања, со што го трасира патот на полесното воспоставување на меѓусебна комуникација. Истакна дека, Република Северна Македонија, преку отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, ја покажа и потврди својата безрезервна почит кон жртвите од тој терор кој не смее да се заборави.

Во контекст на меѓудржавните односи на овој план, заеднички беше изразена благодарност за работата на Институтот за духовно наследство на Албанците односно, Одделот за антисемитизам и прашања на Холокаустот, кој преку својата научна работа креира јасна визија за значењето и сензитивноста на овие историски феномени кои не смеат да бидат заборавени и маргинализирани.

Во однос на геополитиката и нашите стратешки определби како држава, Претседателот Џафери укажа на членството во НАТО Алијансата на рамноправна основа со останатите 29 сојузници, како и очекувањата за подигнување на нивото на односите со ЕУ со почетокот на преговорите до крајот на оваа година. Соговорниците споделија взаемни уверувања за натамошна конструктивна и интензивна соработка, особено во доменот на економската дипломатија, воено – одбранбениот сектор, високата технологија и иновациите, туризмот и културата. Претседателот Џафери, врачувајќи му на амбасадорот Орјан Признание за соработката, му посака натамошен успех и среќа на личен и професионален план, со уверување дека разновидната, богата и плодна соработка меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел ќе биде вреднувана и унапредувана и од страна на идниот Амбасадор.

Next Post

Гудачкото трио „Тринити стрингс“ утре во паркот под светилки во Аеродром

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk