Прекрасни вести од далечниот Токио. Дејан Георгиевски, нашиот најдобар таеквондист и наша најголема надеж за освојување на олимписки медал на ЛОИ, го елиминираше актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба (11:8).
Со оваа сензационална победа Георгиевски обезбеди пласман меѓу најдобрите осум во категорија +80 кг. Победата беше на повидок уште по првите две рунди кога нашиот Георгиевски имаше водство од 10:3.
За пласман во полуфиналето, Дејан Георгиевски околу 8:45 по македонско време ќе се бори против Сејдоу Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Ацо Лукароски