ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Откриени мистериозни синџири од ДНК „Борг“, која асимилира гени од различни организми

July 27, 2021 09:51
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Калифорнија се откриени мистериозни синџири на ДНК коишто наводно асимилираат гени од многу други, различни организми во нивната околина. Научниците го нарекоа овој елемент „Борг“, според цивилизацијата од американската серија „Ѕвездени патеки“, која ги асимилира другите технолошки напредни општества. Откривањето на овие „Борги“ може да помогне во сознанијата околу еволуцијата на микроорганизмите, нивните односи во рамки на екосистемите и нивната улога во животната средина, пренесуваат медиумите.

Микробиологот Џил Бенфилд од Универзитетот во Беркли верува дека „Боргот“ е поголемо и од откритието на КРИСПР-технологијата за модификација на геномите.

„Откривме нешто мистериозно коешто, како и КРИСПР, е поврзано со геномите на микробите“, напиша Бенфилд на Твитер, пренесува МИА.

Таа ги нашла првите „Борги“ во калта во нејзиниот двор. Во соработка со генетичарот Басем Ал-Шаејб од Универзитетот во Беркли, работеле на проект за наоѓање вируси кои напаѓаат аноксични микроби познати како археи, кои живеат во мочурлива средина. Тие случајно пронашле ДНК-структура која се состои од скоро милион базни двојки.

По подробна анализа, откриле дека повеќе од половина од гените се нови, дека структурата има огледална низа на крајот од секоја жичка и покажува можност за самостојно копирање. Шокирани, научниците почнале да ги анализираат базите на податоци на ДНК-та за да проверат дали може да најдат некоја слична структура. Тие идентификуваа 19 секвенци коишто, се чини, одговараат на профилот.

Сè уште не е јасно кои се точно ДНК-структурите, но тие припаѓаат на класа нареченА екстрахромозомски елементи (ЕЦЕ), кои можат да се најдат надвор од хромозомот, кој содржи поголем дел од генетскиот материјал на организмот. ЕЦЕ се огромни, саморепликативни и можат да се најдат внатре или надвор од клеточните јадра. Примерите вклучуваат плазмиди и вирусна ДНК.

„Не можеме да докажеме дека тие се археални вируси, плазмиди или мини-хромозоми, ниту пак, можеме да докажеме дека не се“, се вели во научното истражување „Борговите се џиновски екстрахромозомски елементи со потенцијал да ја зголемат оксидацијата на метанот“ (Borgs are giant extrachromosomal elements with the potential to augment methane oxidation), објавено во „Биоархив“.

Ако „Боргите“ се реални и не се резултат на загадување, тие можат да ја зголемат способноста на метанопедерените да го оксидираат метанот. Ова би значело дека сѐ ова, за науката, е досега непознат процес и дека овие ЕЦЕ можеби играат досега непозната улога во регулирањето на атмосферата.

Next Post

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk