Десетина дена пред Новата година, Демократската унија за интеграција (ДУИ) најверојатно ќе му даде уште еден мандат на својот лидер Али Ахмети. Иако во изминатите неколку месеци се навестуваше дека во ДУИ се бара нов кормилар, сепак, како што дознаваме од партиски извори, неодамна била донесена одлука Ахмети да претседателствува со партијата и во следните четири години, пишува Слободен печат.
Тој е убедливо најдолговечниот партиски лидер во Македонија и единствениот политичар кој успеал од 2002 година до сега постојано да биде на власт (освен од 2006 до 2008).
Според аналитичарите, една од причините за долготрајноста на Ахмети е токму тоа што ДУИ во изминатите 17 години постојано успева да склучува коалиција со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, во зависност од тоа која од нив победила на изборите, благодарение на „принципот“, на непишаното правило победникот во македонскиот блок да коалицира со победникот во албанскиот политички блок. Но, доколку ДУИ не биде дел од следната власт по предвремените парламентарни избори во април следната година, сметаат експертите, тогаш може да се очекува некаква промена во раководството на партијата. Според најавите, ДУИ на 21 декември освен реизбор на својот лидер ќе донесе измени во статутот и нова платформа, ќе избере нов шеф на изборниот штаб, а ќе изврши промени и во централното претседателство на партијата.
Целиот текст ТУКА