ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Кога ЕУ ќе одлучат да го продолжиме процесот нека ни се јават, ние продолжуваме со европеизацијата дома

July 27, 2021 13:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Северна Македонија има системско нарушување на човековите права на граѓаните со бугарска самосвест и оти Скопје само мисли дека ги исполнува критерумите за членство во ЕУ, рече дека земјава продолжува со европеизацијата дома и оти ги почитуваме правата на сите граѓани.

– Јас реков, тоа е работа на ЕУ кога ќе одлучат да го продолжиме процесот нека ни се јават. Ние во меѓувреме продолжуваме со европеизацијата овде. Имаме сериозни процеси на агендата Европа дома која што значи унифицирање на Царинскиот тарифник, еве денеска на Владата е првата фаза па продолжуваат консултациите каде што сите царини ги изедначуваме на ниво на ЕУ. Тоа е дел од поглавјата, ние веќе го правиме. Во делот на унапредувањето на сите други аспекти во општествениот живот исто така секојдневно работиме, затоа што нашиот пат кон ЕУ всушност значи европеизација овде, на институциите на С Македонија и на животот на граѓаните на земјава, рече Заев.

Премиерот не сакаше преку медиумите да реплицира на одредени ставови на Радев или на други високи бугарски претставници.

– Уште еднаш само ќе кажам дека ние сме пријателски земји, дека секако секој пат на очиглед на целата јавност не само на македонската, туку и на бугарската и на сите сме правеле тоа што значи почитување на правата на граѓаните еднакви. Зоран Заев се појавил на манифестации и здруженија од бугарските здруженија, многу повеќе во последните години отколку од македонски здруженија или албански или турски во државата, затоа што сум бил поканет, сум бил таму. Подигнавме споменик на полковник Гаранвалиев со сите бугарски знамиња напред, да и македонското тука, сме покажале респект насекаде затоа што се работи за нашиот сосед, но и се работи за граѓани со определба Бугари во нашата земја и ние немаме проблем со тоа, истакна Заев.

Тој потсети дека за начинот на организирање на нашето граѓанско општество, целиот свет зборува во суперлатив, и оти не може политички претставници да зборуваат за одредени политики и да влечат заклучоци за одредени права или не.

– Дефинитивно мислам дека сме пример и било што претставува забелешка ние сме спремни овде да ја адресираме, но не може политички претставници да повикуваат и да зборуваат за политики и од тука да влечат заклучоци за одредени права или не. Дај да видам колку пати нивните политичари во Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалкубројни заедници во Бугарија. Јас, Пендаровски, Талат Џафери, министрите насекаде сме се појавувале на било кој регион во државата на било какви културно историски и традиционални манифестации, на одредени форуми, конференции… секојпат со респект и почит затоа што тоа се нашите граѓани, тие се граѓани на Република Северна Македонија. Така што најважно на кое што треба да се посветиме е да им овозможиме на младите, на децата, на сегашните генерации да не се мразат, да се сакаат, да се почитуваат, да си помагаат, да си соработуваат. Таа историја денеска што ја пишуваме е најважната историја, истакна Заев.

Вчера бугарскиот претседател Радев, на средба во Салцбург со неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен, рече дека Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Оваа реакција на Радев следеше откако претходно истиот ден премиерот Заев истакна дека Уставот на земјава ќе се отвори непосредно пред стапувањето во ЕУ и тогаш ќе се вградат во него и помалите етнички заедници кои живеат во земјава а не се наведени во највисокиот правен акт во државата.

Next Post

Нови хибридни дигестори во лабораториите на Водовод – Скопје

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk