ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спорниот учебник по социологија ќе биде повлечен, изменет и препечатен, велат од МОН

МОН: Имало и ќе има потреба од поддршка и помош во процесот на унапредување на содржината на учебниците

December 17, 2019 11:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука ќе прави измени во учебникот по социологија за втора година средно образование, кој вчера и денеска предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за содржина која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да прави кривични дела, пренесува МЕТА.

Планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците го содржи и овој учебник по социологија и до почетокот на учебната 2020/2021 година неговата содржина ќе биде соодветно измената,а по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата, информираат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму додаваат дека МОН ја имало и ќе има потреба од поддршка и помош во процесот на унапредување на содржината на учебниците и тоа најмногу од оние кои секојдневно ги применуваат – наставниците и самите ученици.

„Во таа насока, уште во 2017 година Министерството, односно Педагошката служба спроведе анкета помеѓу наставниците во основните и средните училишта со цел да достават сугестии, да укажат на забелешки од сите можни аспекти во врска со содржината на учебниците кои се одобрени и се применуваат во наставата, заради пристапување кон нивна корекција и ажурирање. За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки“, појаснуваат оттаму.

Забелешки за овој учебник, велат, неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието.

„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“, пишува во учебникот.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Next Post

Мехмети: Граѓанските организации постојат за граѓаните

Најново

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

Трагедија во Египет: Германски турист почина откако го касна змија за време на шоу во хотел

April 30, 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

April 30, 2026
Фото: Влада

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk