ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Љупчо Николовски: Се приклучуваме кон традиционалниот јаболкобер

Како политичка партија, како Влада, во целиов овој период носевме политики коишто се во интерес на фармерите, во интерес на земјоделците и во интерес на развојот на токму оваа значајна гранка во нашето земјоделство -, истакна Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски од Ресен.

September 28, 2019 16:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Како политичка партија, како Влада, во целиов овој период носевме политики коишто се во интерес на фармерите, во интерес на земјоделците и во интерес на развојот на токму оваа значајна гранка во нашето земјоделство – истакна Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

„Денеска во рамки на активностите на СДСМ, Централното раководство, заедно и на покана на нашата Општинска организација во Ресен, на градоначалникот, заеднички се приклучуваме на традиционалниот јаболкобер се со цел да ја одбележиме и оваа година оваа сезона.

Тука сме заеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја.

Уште од првата година од мандатот за 10% ги зголемивме субвенциите по хектар. Ги зголемивме субвенциите на развојната категорија на овоштари, вклучително на сите и од овој регион

Во континуитет носевме интервентни мерки во секој еден момент кога тоа беше потребно.

Оваа година, нашите политики ги заокружуваме со спроведување и на проектот за зелена нафта. 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнаа и добија своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација.

Веќе оваа година заокружуваме уште еден значаен проект за овој регион. Тоа е проектот којшто се прави и со поддршка на Светска Банка за изградба на откупно дистрибутивни центри низ нашата земја.

Токму Ресен и Преспа, овој убав крај се една од избраните локации за коишто веќе се направени и студиите и е подготвена документацијата и во следниот период ќе се гради еден модерен и современ откупно дистрибутивен центар.

Оваа година имаме уште многу нови мерки коишто го тангираат овој регион.

Управата за хидрометеоролошки работи  веќе ја подготвува и тендерската документација за проектот којшто за прв пат оваа година ќе го работиме за авионското засејување и заштита на овошните насади и од можните штети коишто ги имавме претходните години.

Како политичка партија, како Влада, во целиов овој период носевме политики коишто се во интерес на фармерите, во интерес на земјоделците и во интерес на развојот на токму оваа значајна гранка во нашето земјоделство.“

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Камион усмрти пешак во Скопје

Discussion about this post

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk