ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовиран Мечинг фонд вреден 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

July 30, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заев денеска го промовираше Мечинг Фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, за поддршка за формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.

Денеска беше потпишан и Меморандум за соработка во рамките  на проектот „Ковид – Итни интервенции во Општина Шуто Оризари“, кој е финансиски подржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи во рамките на Фондациjaта отворено општество – Берлин, имплементиран од страна на Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико во соработка со граѓанското движење Аваја, и во соработка со Министерството за здравство и Здравствениот дом на Скопје

На промоцијата на фондот и на потпишувањето на меморандумот, на која учествуваа и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество Алекс Сорос, Петрика Дулгеру од Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, како и претставници на Агенцијата за вработување и на Канцеларијата за ромски иницијативи на Фондацијата отворено општество во Берлин, на Ромалитико и на Аваја, на општината Шуто Оризари, премиерот Заев истакна дека со овие проекти Владата ја потврдува својата заложба за поттикнување на потенцијалот за претприемништвото на ромската заедница и социјално-здравствените политики за поддршка на ранливите заедници.

„Со мечинг фондот, првично вреден 153,5 милиони денари, создаваме услови за едноставно достапни и поволни наменски средства за да го поттикнат развојот на претприемништвото во ромската заедница и за полесен премин во регистрирана дејност, егзистирање, но и унапредување и проширување на бизнисот. Нашите очекувања се дека некаде околу 50 – 100 невработени лица и регистрирани субјекти годишно, управувани од Роми преку овие мерки ќе имаат пристапни и поволни услови до финансиски средства за формализација, реализирање на бизнис идеи, самовработување и унапредување на бизнисот“, истакна премиерот Заев.

Оваа Влада, додаде тој, го препознава потенцијалот на ромското претприемништво и придонесот што тие можат да го дадат кон развојот на нивните сопствени заедници како и земјата и затоа го правиме овој прв чекор кон долгорочната цел за остварување на економски стабилна ромска заедница.

Со вториот Меморандум за соработка во рамките  на проектот „Ковид – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“, кој е финансиски подржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи во рамките на Фондациjaта отворено општество – Берлин, имплементиран од страна на Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико во соработка со граѓанското движење Аваја,  обезбедени се финансиски средства во износ од 63,800 евра.

Со дел од овие средства е обезбедена набавката на амбулантно возило за итна помош за користење од страна на Поликлиниката во Шуто Оризари за потребите на населението во општината.

Другиот дел од средствата ќе се наменат за обезбедување на работен ангажман во период од 24 месеци на две лица Роми кои што ќе бидат ангажирани во рамките на здравствен дом Скопје за потребите на Поликлиниката во Шуто Оризари и за функционирање на амбулантното возило за итна помош.

Алекс Сорос, заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество во своето обраќање ја поздрави исклучителната посветеност на Владата на Република Северна Македонија на политиките на инклузивност и истакна дека Мечинг фондот РЕДИ и „Ковид – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“ доаѓаат и во многу значаен момент и за регионот токму со лансирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ која може дополнително да создаде иницијативи за одржливост и раст на бизнисот во ромската заедница и да генерира нови работни места.

„Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде засилена и со поддршка на ЕУ, особено во делот на финансиската поддршка за регионалната економска соработка, зелените инвестиции, како и во делот на поддршката на јавниот и приватниот сектор. Фондацијата отворено општество ќе продолжи со поддршката за РЕДИ, за Северна Македонија и за другите земји во регионот“, потенцираше Алекс Сорос, заменик-претседател на Фондацијата отворено општество.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев-Гервала-Шварц: Балканот е дел од Европа, а евроинтеграциите се од полза и за регионот и за ЕУ

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk