ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гервала Шварц за „Отворен Балкан“: Паралелните иницијативи не се нешто ново, но може да бидат и опасни

July 30, 2021 13:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала Шварц, денеска на прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје, оцени дека Иницијативата „Отворен Балкан“ може да биде опасна за Косово, како и да ја загрози заедничката цел на земјите од регионот, а тоа е членството во Европската Унија.

– Мислам дека паралелните иницијативи во суштина не се нешто ново, но се опасни за тоа како ние ја гледаме нашата држава во регионот, но и како се гледаме од страна на ЕУ, тоа е мојата претпоставка и моето мислење. Без да го негираме правото на која било независна и суверена држава да носи свои одлуки за тоа во кои иницијативи ќе учествува, со кого сака да создаде мали или големи коалиции, Република Косово, иницијативата од Нови Сад, која едно време беше нарекувана Мини Шенген, а од вчера Отворен Балкан, ја смета за опасна. Се создава атмосфера дека имаме алтернатива за нашиот заеднички пат кон ЕУ, оцени Гервала Шварц.

Според неа, се поставува прашањето кон кого е отворена оваа иницијатива, и тука, рече таа, „треба да се запрашаме и за геостратешките цели на нашата држава, бидејќи во нашиот регион не сите држави ги имаат истите геостратешки цели“.

Таа истакна дека Република Северна Македонија и Косово се многу јасно фокусирани како држави кои како нивна главна цел ја имаат интеграцијата и зачленувањето во ЕУ.

– Македонија е членка на НАТО, ние сакаме да ги исполниме сите услови да бидеме дел од НАТО и ова мислам дека е јасно. Тоа не може да се каже за сите други држави во регионот. Значи, наместо да правиме конфузии со нашите пораки, мислам дека треба да сме попосветени, да даваме придонес во заедничката цел и политика, за нашите прагматички цели и потоа да видиме што во иднина можеме да направиме околу тоа. Има и други предлози. Ова е значи нашиот став за Иницијативата од Нови Сад, оцени косовската министерка.

Владата на Косово вчера соопшти дека не ја поддржува иницијативата за „Отворен Балкан“, иницирана од премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Регионалниот економски форум што вчера се одржа во Скопје. Владата на Косово вели дека иницијативата е „без визија за регионот“. Од кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти информираа дека не биле поканети на Регионалниот форум поради противењето на иницијативата која потекна од средбата на Заев, Рама и Вучиќ во октомври 2019 година во српскиот град Нови Сад.

Заев, Вучиќ и Рама вчера порачаа дека кон оваа Иницијатива, чија главна цел е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија, можат да се приклучат и останатите балкански држави.

извор: МИА

Next Post

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ им должи одговори на наставниците зошто блокира раст на плати и вработување на неопределено

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk