ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери на средба со Сагарц: Собранието континуирано работи на агендата за евроинтеграции

July 30, 2021 16:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Северна Македонија од Европските народни партии во Европскиот парламент, кој е во прва дводневна работна посета на земјава.

Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази надеж посетата на европратеникот Сагарц ќе биде добра можност тој да добие јасна слика за актуелните состојби и портфолиото на државата, односно нашата спремност да ги започнеме преговорите врз основа на исполнети критериуми и заслуги.

Тој упатил и благодарност до Република Австрија за силната посветеност да обезбеди европска перспектива за земјите од регионот и да го откочи и забрза процесот на нашето интегрирање во Европската Унија.

– Во однос на актуелниот застој со кој се соочуваме, Џафери изрази надеж дека по формирањето на институциите во Бугарија по одржаните парламентарни избори, ќе се интензивира дијалогот за изнаоѓање решение за одржување на првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Тој истакна дека Собранието континуирано работи на агендата за евроинтеграции и е подготвено за сите следни чекори што ја очекуваат земјата на патот кон Европската Унија, а информираше и за претстојниот попис во Септември и за одржувањето на редовните локални избори во Октомври, се наведува во соопштението.

Пратеникот Сагарц известил дека тој како известител во сенка за Република Северна Македонија од Европскиот парламент, во оваа своја прва посета на државата ја забележува разочараноста поради застојот во процесот на еврооинтеграции и изразил разбирање бидејќи земјата ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство.

Тој нагласил дека, позицијата на Европските народни партии во Европскиот парламент е дека Европската унија ќе биде цела само со вклучување на земјите од Западен Балкан. Според него, напорите во Европската Унија треба да се насочат кон што е можно побрзо отворање на пристапните преговори.

Нагласувајќи дека партнерството меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија се одвива и во други сфери, двајцата соговорници разменија мислења и во однос на борбата против нелегалната миграција и при тоа ја поздравија меѓусебната соработка изразена преку присуство на австриски полициски сили на граничните премини во Северна Македонија.

извор: МИА
Next Post

Пендаровски – Грвала-Шварц: Унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за стабилноста на целиот регион

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk