Европа оваа недела ќе го лансира вселенскиот телескоп „Чеопс“ за проучување далечни планети, пишува
BBC.
BBC.
За разлика од претходните слични мисии „Чеопс“ нема да се фокусира на откривање нови планети, туку на нивно анализирање и откривање нови карактеристики во смисла дали се камени или богати со гас.
Телескопот до Земјината орбита ќе стигне со ракетата „Сојуз“ која ќе се лансира од Франција.
Лансирањето беше закажано за утрово, но поради технички пропусти одложено е за утре.
Европските научници кои се занимаваат со проучување на вселената сметаат дека науката треба да престане со броење нови планети, туку треба да се фокусираат на нивно профилирање и проучување. Сметаат дека мора да знаеме дали имаат океани на површината, дали имаат своја атмосфера, дали имаат прстени? „Чеопс“ треба да одговори на овие прашања.