Вмро е организација која чека да се случи некоја несреќа за да почувствува дека е жива и дека има смисла. Кога несреќата доцни, организацијата ја фаќа нервоза и самата предизвикува несреќа. Се случува да не е задоволна од провакацијата односно од несреќата како продукт на својата провокација, па се зафаќа со директно производство на несреќи, сеедно дали се тоа пожари, поплави или ширење на вирусните агресии. Но, се се тоа само протоколи низ кои вмро самата се реализира како несреќа и зло. Најголемо, неповторливо, единствено, прво место и златен медал на Олимпијадата на несреќите.
Мислите дека претерувам?
Тогаш ништо, уживајте во злото како риба во брашно.
Многу мал дел од луѓето гледаат на несреќата што вмро ја предизвикува со своите молби, привокации и дела, со самото постоење како чиста несреќа, како проект, систем, намера. Дури и оние кои се против вмро, во убедливо мнозинство мислат дека несреќите се плод на несреќи, а не на некаков план. Во кој Македонија и сите тие и сите други се одредени за горење. Како стрниште од собрани плодови.
И на нив им порачувам да ужуваат во својата инфантилност како говно во септичка јама.
Фејсбук објава од Бранко Тричковски