ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Отежнато гасењето на пожарот во село Умлена поради непристапниот терен

August 4, 2021 22:55
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гори село Умлена, над село Робово, во близина на село Митрашинци, голем потег со дијаметар од 10 километри и претежно борова шума. Гасењето е отежнато поради непристапниот терен.

Како што вели командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски, пожарот е се уште активен иако екипи трет ден учествуваат во негово гасење.

-Има многу екипи на терен. Месното население приоѓа, но пожарот засега не е под контрола. Да се надеваме дека со напор, вечерва, утре ќе успееме да го ставиме под контрола. Патиштата се непристапни, со ограничени можности сме со возилата за дејствување. Затоа прилично тешко се одвива гасењето, нагласи Букушовски.

Според него, помошта од Република Бугарија е добредојдена.

-Им благодариме на колегите за напорите кои ги имаат направено за да може да дојдат до тука со две цистерни, неколку возила и со 20-25 пожарникари. На друга позиција се горе. Да се надеваме дека се ќе биде добро. Нивната помош е драгоцена, ќе ни помогне да успееме да го санираме пожарот, истакна Букушовски.

За вакви пожари, со толкав интензитет, оцени, има повеќе причини – висока температура, скоро 40 степени, 50 дена без дожд, ветер.

-Голем пожар не настанува случајно и туку така. Пожарот се шири, колку што се моите информации, требаше да се дејствува од воздух, бидејќи вакви комбинирани пожари, приземен, стебло и крошна тешко се гасне од земја и со возила. И возилата ни се со ограничени можности на дејствување. Меѓутоа и хеликоптерите се исто така со ограничени можности, така што, еве, како што гледате, почнува да се шири пожарот. Правиме се што е во наши можности и напори за да биде локализиран, истакна командирот.

На терен се и пожарникари од Виница.

-Дојдени сме од Виница. Распоредени сме во Умлена, сега чекаме да излеземе на терен. Ние сме екипа од четири пожарникари со опрема, опремено возило, со вода, изјави командирот на Противпожарната единица од Виница, Станко Спасов.

Според жителка на селото Умлена кое е во непосредна близина на Пехчево, ситуацијата е страшна.

-Пожарот дојде речиси до местото наречено Камен, уште малку да влезе во селото. Куќите не беа загрозени. Главно ја завршија работата, инаку ќе имаше голем беља, рече жителката од селото./МИА/.

Next Post
МИА

Каратистката Јованоска утре наутро ја очекува олимписко деби

Shortcut

Најново

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk