ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Системот функционира, одговорност и поддршка за институциите кои се справуваат со пожарите

August 6, 2021 10:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
EPA/DARKO ANDONOVSKI

EPA/DARKO ANDONOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси. Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите, пишува во партиското соопштение.

„Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик.

Кризната состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети со кои во моментов располага Република Северна Македонија.

Апелираме до сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите.
МВР веќе ја информираше јавноста за лица против кои се водат постапки за можно подметнување на пожар, ги поттикнуваме сите надлежни институции – пред се јавниот обвинител, да поведат истраги и да се утврди евентуалната одговорност.

Оваа криза покажа дека имаме систем и дека како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа“, пишува во соопштението на СДСМ.

Оттаму се заблагодаруваат за секоја подадена рака.

„Граѓаните знаат дека институциите, припадниците на полицијата, на армијата, а пред се на противпожарната служба, прават натчовечки напори да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.

Благодарни сме на големиот број граѓани кои се одзваа на повикот за помош и поддршка во гаснењето на пожарите и апелираме до секој поединец за внимателен однос и строго почитување на забраната за движење во шумите. Да ја сочуваме државата, да ги сочуваме ресурсите за чие обновување ќе биде потребно долго време. Солидарно, сите заедно да помогнеме за полесно справување со пожарите и отстранување на последиците.

Уште еднаш се покажа дека луѓето се најсилниот капитал на секое општество. Како што лекарите изминатите 18 месеци се борат за нашите животи, така сега пожарникарите, полицајците, војниците, но и граѓаните доброволци, се борат за нашите животи, за нашите шуми, за нашиот имот и за нашите природни ресурси. Им благодариме!“, се вели во партиското соопштение.

Next Post

Не е загрозен воениот склад кај Богословец, преземени се сите мерки за противпожарна безбедност

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk