ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Не е загрозен воениот склад кај Богословец, преземени се сите мерки за противпожарна безбедност

August 6, 2021 10:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со информациите кои во текот на вечерните часови беа присутни на социјалните мрежи и во одредени електронски медиуми за евентуална загрозеност на воен објект, поточно воено складиште, од пожарот кој беше присутен во поширок реон на Овче Поле кај Богословец, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија Ве информира за следното:

Во моментот нема никаква загрозеност за споменатиот воен склад од пожарот на гореспоменатата локација, како и за ниту еден друг воен објект за кои правовремено се превземени сите потребни мерки за противпожарна безбедност.

Имено, во текот на попладневните часови по отпочнување на ширење на пожарот на гореспоменатата локација со менување на насоката на ветерот кој се движел во правец на Штип, врз основа на претходно координирано информирање од терен, уште со самиот почеток на засилениот ветер и промена на правецот на пожарот, од страна на Армијата на Република Северна Македонија беа превземени сите потребни противпожарни мерки за безбедност на воениот објект.

Притоа, со воени инженериски машини и механизација како и ангажирање на триесетина армиски припадници се превземаа превентивни активности во однос на проширување на постоечниот противпожарен појас околу објектот кој задолжително го имаат сите воени складови, како и подготвеност на противпожарната опрема во објектот зајакната со една воена цистерна при што и по непосредното приближување на пожарот ризикот од несакани последици беше сведен на минимум.

Во непрекината координација со надлежните од ЦентАрот за Управување со Кризи за правецот на движењето на пожарот, во раните утрински часови е констатирано дека повеќе не постои потенцијална загрозеност на објектот.
Ве информираме дека на сите локации каде има објекти на Армијата постои соодветна потребна количина на противпожарни средства како и дека редовно се превземаат сите мерки согласно елаборатите за безбедност на воените објектите меѓу кое и за противпожарна заштита.

Припадниците на Армијата како дел од редовната обука еднаш годишно реализираат потребен број на часови во обука од ПП заштита, индивидуално и со асистенција на територијалните противпожарни единици, при што сите стекнуваат потребно познавање за ангажирање во случај на пожар, а особено при ПП заштита на воени објекти.

Воедно Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден во координација со надлежните структури согласно прогласената кризна состојба околу 450 припадници на Армијата беа ангажирани во гасење на пожарите на 11 локации ширум Републиката. Продолжуваме со заеднички сили со сите институции и граѓаните во конечно справување со оваа елементарна непогода./МО/.

Next Post

Загина 18-годишна девојка во сообраќајка кај наплатната станица „Романовце“

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk