ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Загина 18-годишна девојка во сообраќајка кај наплатната станица „Романовце“

August 6, 2021 10:44
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Осумнаесетгодишна девојка загина, а две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на наплатната станица „Романовце“ Кумановско, соопшти денеска МВР. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „ауди“ и товарно возило „застава“.

– Вчера во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Скопје – Куманово, на околу еден километар пред наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово, и товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од кумановското село Старо Нагоричане. На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“, додека С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на обвинителот, телото на починатата било дадено на обдукција.

Сообраќајна несреќа вчера се случи и на локалниот пат Куманово – село Романовце кај месноста „Мачја глава“, соопшти денеска МВР.  Во несреќата учествувале два автомобила. Повредени се  двајца малолетници од кои едниот возач, другиот совозач и уште две лица.

– Во 16.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат Куманово – село Романовце, кај местото „Мачја глава“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од кумановското село Романовце, Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“ и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Куманово-соопшти МВР.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршиле екипа на СВР Куманово и јавен обвинител.
Next Post

Активни и со силен интензитет пожарите во повеќе региони во државата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk