ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Системот на социјална заштита е ефикасен, и во случајот со пожарите во зависност од потребите на граѓаните реагираме брзо и навремено

August 8, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

 По скенирањето на состојбата со пожарите од екипите на Центарот за социјална работа од Берово, кој е надлежен и за Пехчево и Делчево, барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која заедно со премиерот Зоран Заев, со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите изутрината го посетија беровско-пехчевскиот крај.

-Ние сме во состојба да ги апсорбираме барањата на граѓаните и да одговориме на нив. Министерството во буџетската проекција има средства што треба да одговарат на потребите на граѓаните кога се најранливи, односно во состојба на ризик во ситуација како што е и оваа. Кај нас повикот е постојално отворен и сите кои имаат потреба се обраќаат до центрите за социјална работа, потоа се излегува на терен и се прави проценка. Дополнително имаме и други алатки кои помагаат во  урегентни и акутни состојби, како што е еднократната парична помош во одреден износ, кој би им помогнал на граѓаните. Ние сме подготвени да одговориме на потребите и барањата на граѓаните, рече министерката Шахпаска.

 

Според Шахпаска, системот на социјалната заштита функционира, што се виде, особено во периодот на пандемијата, кога беа олесенети критериумите за влегување на граѓаните во социјален ризик. Доказ за тоа, рече таа, се дополнителните 7.500 семејства кои влегоа во системот на социјална заштита./MИА/.

Next Post

Застарените цистерни имаат доволно количина вода и многу помогнаа во гасењето на пожарите, вели Ангелов

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk