Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните., објави на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче. Вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани. Вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани.
„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
– 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
– 63% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
– 59% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
– 48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
#ВакцинирајСе без закажан термин.“, објави ресорниот министер.





