ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вакцинирани антиваксери…

August 10, 2021 14:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Тие постојано и во континуитет ја палат државата, не само шумите. Тие не бираат каде и во кој сегмент од државата да подметнат пожар за да се вратат на власт. Тие во својата историја не можат да запишат ништо друго освен “палење“ на Македонија до пеплосување. Не им е битно колку луѓе во тие пиромански хистерии ќе загинат, ќе заглават по затвори и притвори, колку ќе се заразат со Ковид, ним им е битно само едно нешто – тие да останат здрави и живи и богати, многу богати од пљачката врз Македонија па макар цел живот да го поминат надвор од Македонија, во бегство. Тие се во постојана пироманска апокалипса жигосувајќи ги сите Македонци кои се противат на нивната лажна патриотска идеологија, за душмани.

„Кој душман ќе влезе, жив нема да излезе, тие го ставаат в гроб”. Оваа е нивната идеологија за опстанок на власт или за влегување во власта. Вмороните немаат други цели. Тие ќе изгорат се’, на крај и државата со сите во него, само тие да дојдат односно да опстанат на власт. Затоа се препекувањата кај здравиот разум, дека, тие, ВМРО-ДПМНЕ, не треба да имаат никаква шанса за политичко дејствување во Македонија. Тие кои во континуитет ја “палат“ државата не заслужуваат место на тој пиедестал…

Лажните патриоти од вакцинирана антиваксерска дружина задоена со антагонизмот кон НАТО и ЕУ, а за НАТО и ЕУ, од пелените на дедовците им, и ден денес трубат, шлапаат, кубат влакна од чмарови, се самоказнуваат за да докажат дека “скретницата“ на македонскиот воз е на погрешен начин крената, а не дека возот почнал да се движи во вистинскиот правец. Ви текнуе? Нивните аргументи се во политичките конспирации, игри, манипулации, договарања и пазарења за нивно добро, не за доброто на државата, игри во кои тие не само што не знаеја да изиграат за државните интереси, туку, намерно деценија и кусур го вртеа возот во круг, за да можат што повеќе да ги товарат бисаѓите на магарињата, а државата и сите ние во неа кој ги шиша.

Се пазареа за името на државата, да ве потсетам: “Оноа горе или доле, ти текнува?“, “Аха, да, па можеби може ама дај да почекаме уште малку!“ Што чекаа? Тие немаа друга цел освен масовен грабеж на државната каса. Нивните аргументи се лоши, срамни и бедни, мали и жгољави каобожемски патриотски.

Тие никогаш не покажале храброст, муда, кога државните интереси биле во прашање. Сите го знаевме патот до НАТО и ЕУ, го знаеја и тие, ама политичка храброст за таков чекор, цк. Заради овој факт најмногу се погодени и уплашени. Да, и за нешто друго. Сите висат пред чеканот на правдата кој тешко, ама полека и сигорно почнува да треска врз масите пред судиите.

И на крај, вакцините немаа поголеми пријатели од денешните антиваксери. Не треба далеку да листате за да ги најдете. Проверете само неколку ФБ “експерстски“ статуси од забегани глумци и глумици, и ќе се фатите за глава што тие пишуваа во периодот кога Македонија кубуреше за вакцини, кога масовно наши жители одеа на вакцина во Србија или во други земји, кога оргазмично мрчеа со прстот начукан у шупак, и извикуваа “Кај ви се вакцините?“, или, “Просјачите за пакет вакцини!“ или “Браво Вучиќу, браво браќа Срби што не’ вакциниравте!“ и слично.

Да, почитувани мои, овие, кои денес се против вакцинирањето, межу првите се вакцинираа. Тие се истите оние кои гласно препекуваа за вакцини. Ним им е битно да изнаоѓаат чариња како да падне владата на Заев, како да го снема Венко, па и по цена да изгори Македонија. Ги заболе ваквите за нашето здравје, за вашите села, плевни и куќи, за вашата опожарена живина и стока, не се секирајте, токму овие гомнојадачи први се вакцинирани.

Тие највеќе се плашат од смртта, нема да има кој да ужива во опљачканиот имот и капитал. А насловите од типот – “Жителите на малешевијата бесни: “Да не беа странците ќе ни изгореа селата.“, се единствената сламка за која се фаќаат додека тонат и се дават во сопствената немоќ и мизерија, затоа што и тие знаат, дека, ако не беа Венко, Заев, Рада, Бојан, Бујар, еве НА што ќе видевме странски вакцини односно странци во гасењето на пожарите во Македонија, пардон, во Република Северна Македонија…

Станува збор за вакцинирани антиваксери од Ковид, ама невакцинирани од вмороидиотизам.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Во Куманово утре се отвора модуларна болница, хоспитализирани 16 пациенти со Ковид-19

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk