Дирекцијата за заштита и спасување информира дека врз основа на Одлуката на Владата, која и дозволи доколку постои потреба за акциите за гаснење на пожарите, без надомест да употреби гориво од резервите на министерствата за одбрана и внатрешни работи, вчера бил реализиран транспорт на 5.000 литри Еуродизел.
Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари, денеска дејствуваше над с. Раховиќ Општина Сарај, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што нагласуваат од ДЗС, авионот испушта 6 тонски кеси со вода во форма на падобран бомба кои се распрскуваат врз огнот.
Полициски службеници вчера на улица „Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода 87-годишниот скопјанец Х.Р., поради сомнеж дека предизвикал пожар во близина на „Француски гробишта“ на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тие постојано и во континуитет ја палат државата, не само шумите. Тие не бираат каде и во кој сегмент од државата да подметнат пожар за да се вратат на власт. Тие во својата историја не можат да запишат ништо друго освен “палење“ на Македонија до пеплосување… Вакцинирани антивакесри, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19, како починати се регистрирани 4 лица.
М. Миткоска





