ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Професор Кадриу: Новите материјали за учење на албански јазик се направени за да предизвикаат внимание кај првачињата (ВИДЕО)

August 11, 2021 12:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За професорот Вехби Кадриу, изработката на новите наставни материјали за албански јазик за прво одделение била предизвик во кој ги споил теоретското знаење со наставното искуство стекнато во повеќедецениска работа со студентите на Педагошкиот факултет во Скопје, кои се подготвуваат за учители и воспитувачи. На огласот на Бирото за развој на образованието се јавил заедно со Мирела Tерова, исто така искусна наставничка и авторка на учебници.

„Нашата концепција за учебникот по албански јазик како наставна алатка која директно му помага на ученикот за почетно читање и пишување, скоро во целост се совпаѓа со новиот Концепт за основно образование. Новата Концепција не само што бара нов и поинаков пристап кон учењето, туку и овозможува негова имплементација преку фокусирање на компетенциите, стандардите и резултатите од учењето, насочени кон ученикот”, вели Кадриу.

Наставните материјали се така подготвени, за да предизвикаат внимание кај деца кои живеат во ова време, бескрајно љубопитни но и со желба за бескрајна игра. Изработени се согласно новата програма по предметот албански јазик, според која оспособувањето на првачињата за логично и прецизно читање е во второто полугодие.

„Постојат и многу други иновации што го прават многу интересен учебникот Албански јазик 1, што ќе ги изненади првачињата и учителите кои ќе работат со него. Им посакуваме на учениците од прво одделение да бидат успешни во наставата, да доаѓаат на училиште со волја, насмеани и да уживаат учејќи од книгата по албански јазик со сите интересни, забавни и многу значајни содржини за нив како ученици”, вели професорот Кадриу.

Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.

Имплементацијата започнува етапно со стартот на новата учебна година во прво и четврто одделение.

Next Post

Заев за Сабина Ајрула Тозија - ѝ должиме вечен аплауз и длабок поклон за нејзината топла душа, за оставеното вредно наследство

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

Украина испрати специјални сили да ги протераат Русите од Покровск

November 1, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk