ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска: Доделени први 30 награди од МојДДВ #МојаНаграда

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

December 19, 2019 09:54
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, пренесе МИА.

Ангеловска  истакнува дека за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

– За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.Во наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди, наведе Ангеловска.

За наградната игра раѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Наградната игра ќе трае една година, до 14 декември 2020 година.

Next Post

Вонредна состојба во Нов Јужен Велс поради жештини и пожари

НАЈНОВО

Фото: МИА

Љупка Цветанова добитничка на првата награда на вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk