ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

August 20, 2021 13:23
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“.

Анализа на Вистиномер.мк.

Преку објава на  Фејсбук се шират невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете инфромации не се точни.

19.08.2021 Македонија

Чувајте си децата .Тајно сакаат да вакцинирааат. Тоа е кривично дело. Вакцините се отровни. Ова е дело на длабоката држава која ги поткупи Филипче и Заев, се вели во објавата на Фејсбук.

Постот се повикува на информација од извесна Јулија Давидовска, која вели:

Од сигурни извори преку вработен во школо штотуку дознав дека ќе има масовна вакцинација за децата во школо од септември па натаму… ненајавено, лукаво, без родителска согласност… Ете толку имам да кажам. Секој совесен родител нека се замисли!.

Лажна вест!

 

Владата на 99. седница донесе одлука учебната 2021/2022 година да почне со физичко присуство во полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Како што појасни министерот за здравство, Венко Филипче, во кој било момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадат препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, комбинирано или онлајн.

Исклучоци се ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште, сите други ќе бидат со физичко присуство. Родителот има право да побара за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство, објасни Филипче во интервју за Канал 5.

Информацијата дека учениците ќе почнат да одат на настава со физичко присуство некои почнаа да ја злоупотребуваат со цел да шират невистини дека во земјава се подготвува тајна вакцинација на децата, како што инсинуира постот што го анализираме.

НЕМА ТАЈНА ВАКЦИНАЦИЈА

Вакцинацијата против ковид-19 во земјава, како и секаде во светот, е доброволна за лицата над 18 години и тоа е јасно повторено досега повеќе пати. С. Македонија, водејќи се по примерот на други држави, ја одобри вакцината на „Фајзер“ за лица над 12 години, но децата се вакцинираат исклучиво со согласност на родителите, кои, пак, можат да ги пријават на сајтот „вакцинација.мк“.

Ова, во изјава за „Вистиномер“ уште еднаш го повторија од Министерството за здравство, каде се обративме за одговор на прашањето, дали е точно дека од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата.

Во нашата држава се имунизираат лица постари од 18 години по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во нашата држава се вакцинираат исклучиво со вакцината од производителот „Фајзер“. Министерството за здравство потенцира дека објавените информации на коишто се повикувате се невистинити.

Што се однесува до вториот дел од објавата, дека вакцините против ковид-19 содржат отров, исто така, и тоа е лажна информација. Ваквите информации „Вистиномер“ веќе ги има дебанкирано (ТУКА и ТУКА). Составот на вакцините е јавно достапен на сајтот ковид19вакцинација.мк и секој може да провери што содржат вакцините кои се аплицираат во земјава.

Од сето ова може да се заклучи дека изнесените инфромации во постот се лажни. Факт е дека не се планира никаква тајна вакцинација на децата во училиштата и факт е дека вакцините не содржат отров. Со пласирање на вакви дезинформации во јавноста лесно може да се создаде паника, а со тоа да се наштети на целиот процес на имунизација против ковид-19.

Анализа на Вистиномер.мк

Next Post

Царовска: Да не се шири паника, ако има потреба ќе се смени моделот на настава

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk