ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Да не се шири паника, ако има потреба ќе се смени моделот на настава

August 20, 2021 13:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од ширење паника и неточни информации зашто МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се што ќе ни биде кажано, изјави денеска министерката Мила Царовска, повторувајќи дека од 1 септември училиштата ќе бидат отворени за сите ученици и дека тоа е прво и најпосакувано од трите  сценарија за почеток на новата учебна година.

Во одговор на прашање дали ќе се ревидира одлуката поради континуираниот пораст на новозаразени со коронавирус, таа рече дека се следат препораките од здравствените власти и одлуката на Владата и Главниот кризен штаб, а моделот на настава ќе се смени ако Комисијата за заразни болести утврди да има потреба.

Второто сценарио е хибриден модел – наизменично една недела едни ученици во училница, а половина од паралелката – онлајн и третиот модел, како лани – физичко присуство за една група ученици, а за друга во континуитет наставата да биде на далечина.

-Најнепосакувано е второто и третото сценарио. Како што препорачуваат и од УНИЦЕФ и ОЕЦД и сите други земји кои се поразвиени од нашата, физичкото присуство е најпосакувано и најсоодветно и ние се подготвуваме за овој модел на настава, согласно препораките и на Кризниот штаб и одлуката на Владата. Во даден момент, доколку Комисијата за заразни болести утврди дека треба да го менуваме моделот, ние сме подотвени за сите три сценарија, рече Царовска при посетата на ОУ „Климент Охридски“ во Драчево каде што денеска беше претставена мобилна станица за миење раце донација од УНИЦЕФ преку УСАИД.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани рече дека е најдобро за учениците училиштата да бидат отворени и што подолго да останат отворени и дека за заштита од вирусот ќе важат истите антиковид-мерки што важат и за целата заедница.

 

-Планот е да почнеме со 100 отсто ученици да се вратат во училишните клупи, а понатаму ќе видиме.  Она што е најдобро за заедницата е најдобро и за училиштата. Мерките што важат за сите, треба да важат и за училиштата. Треба да се трудиме вирусот да биде настрана од цела заедница, не само од училиштата, рече Ди Џовани.

Таа нагласи дека здравјето на децата е најважно, но дека е важно училиштата први да се отвораат, а последни да се затвораат затоа што, како што рече, онлајн-учењето овозможи континуитет и насекаде во светот имаше брз премин за да нема прекин во наставата, но дека онлајн-учењето е само една алатка и не треба целосно да го замени образовниот процес.

-Самите деца сакаат да се вратат во училишните клупи, да бидат лице в лице со своите наставници и меѓу своите соученици. Истражување на УНИЦЕФ неодамна покажа дека 88 проценти од наставниците што работеле со физичко присуство сметаат дека децата немале проблем да се придржуваат до мерките, дури и повеќе од возрасните, а 50 отсто од родителите изјавиле дека би претпочитале нивните деца да се вратат во училишните клупи и дека децата може да се придржуваат на мерките за заштита – физичко растојание, носење маска и миење раце, истакна Ди Џовани.

Додаде дека МОН со општините напорно работат да обезбедат услови за лесно преминување на онлајн-настава доколку има золемување на случаи на зараза./МИА/.

Next Post

Нов раст на просечната плата за 7%

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk