ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Војната на кибер-ботовите на Твитер за македонската душа

„Ви го замагливме вашето размислување за да не знаете од каде доаѓа нашата кампања и да не знаете каде прво да погледнете“, вели Костовски за БИРН.

December 19, 2019 14:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Од „корисници духови“ до „кибер-ботови“, социјалните мрежи секојдневно се поле на вербални војни на најразлични теми. Истражувачката мрежа БИРН анализира како националистите во Северна Македонија, Грција и пошироко ги ставиле во погон автоматизираните армии на социјалните медиуми со цел да ги сплотат масите, пренесе 360степени.

Од разговорите со неколкумина учесници во ваквата компјутерска пропаганда, истражувањето ги разоткрива онлајн-триковите што се користат за засилување на политичките пораки и искривување на јавното мислење од страна на ваквите националистичките мрежи од двете страни на Преспанскиот спор.

„Може да кажете дека сме ботови, но не значи дека тоа е вистина“, вели Горан Костовски, кој стои зад твитер-профилот со прекар „Чиз“ со 10.000 следбеници на три континенти, за кого грчкиот новинар Костас Зафиропулос, кој работел на истражувањето на БИРН, вели дека е еден од малкумината кои ги имаат совладано овие вештини.

„Ви го замагливме вашето размислување за да не знаете од каде доаѓа нашата кампања и да не знаете каде прво да погледнете“, вели Костовски за БИРН.

Истражувањето на БИРН покажало дека грчките националисти од другата страна на границата исто така користеле компјутеризирана пропаганда за да се спротивстават на реакцијата против договорот од Преспа.

„ЈАС СУМ ГРЧКИ МАКЕДОНЕЦ!“, се вели во профилот на Твитер „Палас Атена“ под сликата на сонцето од Вергина.

„Ние 3,5 милиони грчки Македонци сме уморни од грабежот на нашиот ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА, ИМЕ И СИМБОЛИ! Ние сакаме да си го вратиме нашето име!“, порачува „Палас Атена“.

Контактиран од страна на БИРН, сопственикот на профилот „Палас Атена“ испрати порака со следнава содржина: „Душо, не сум бот“.

Таа се идентификувала како Македонка со постојано живеалиште во Шведска, која се појавила на Твитер во 2014 година, откако „видела дека има скопјани кои тврделе дека претрпеле геноцид од страна на Грците“.

Половина луѓе – половина машини

Но, истражувањето на БИРН покажува дека зад „Чиз“ и „Палас Атена“ се крие нешто многу поважно – едни од најгласните во дигиталната какофонија се…

Користејќи ја апликацијата за идентификување роботи наречена „Twitterbots“, која е креирана од софтверски инженер од Атина, Димитрис Папаевангелу, за да процени колкава е веројатноста активноста да е резултат на бот, БИРН ја анализирал твитер-профилот на „Чиз“ и открил дека во просек тој има речиси 110 „активности“ на ден.

Компјутерските научници велат доколку од еден профил има над 70 активности дневно, вклучувајќи твитови, ретвитови, лајкови и други интеракции, тоа сугерира дека зад активностите стои бот.

Иако Костовски вели дека користел автоматизација само на почетокот на кампањата #бојкотирам, анализата на БИРН потврди дека неговата персона „Чиз“ е она што е познато во бизнисот на компјутеризирана пропаганда како „киборг-бот“ – половина човек, половина машина.

Апликацијата „TweetBotorNot“ проценува и дека „Палас Атена“ е бот со веројатност од речиси 70 проценти. Имено, профилот освен вистинска хумана интеракција јасно користи и автоматизација, што во бизнисот со онлајн пропагандата е познато како киборг-бот.

Големиот број твитови од сметката на Палас Атена – околу 478.000 за пет години – е јасен показател за автоматизацијата, иако е јасно дека многу од содржините се изработени и од човек.

Овие хибриди комбинираат алгоритамска автоматизација со човечка интервенција за да ја минат одбраната на Твитер против ботови бидејќи автоматизацијата е строго забранета на платформата за социјални медиуми.

Импликации врз демократијата во регионот

Иако многу се зборува за балканските фарми за „тролови“ и фабриките за лажни вести, помалку е познато за влијанието што компјутеризираната пропаганда ја има врз функционирањето на демократијата во регионот.

Колку и да е ова лажна врева како и лажни вести, активноста е креирана да создаде лажен впечаток за онлајн конверзација од гигантски размери, со цел креаторите на мислења, како новинарите и активистите, да седнат и да размислат.

На овој начин, експертите велат дека мала група компјутерџии со лаптоп-компјутери можат да извршат влијание што е многу поголемо од само поигрување со вистинските бројки, со загрижувачки импликации врз демократскиот дискурс.

Експертите велат дека ваквите бројки ја покажуваат моќта на компјутеризираната пропаганда што од еден единствен профил создава мрежа што постојано се проширува.

Целото истражување на БИРН за „кибер-ботовите“ прочитајте ја ТУКА.

Next Post

Богдановиќ се извини за навредата кон Димитров, но смета дека политиката и уметноста не треба да се мешаат

НАЈНОВО

Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk