пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Домашните мрзи и хохштаплери, антиталенти и гузоњи, се плашат дека бегалците од Авганистан ќе ја урнат цената на нивната неработа, односно дека за исти пари ќе продуцираат сто пати повеќе производи и услуги.
Јас мислам дека куротресините од македонски праисход имаат право, но тоа е само знак дека несреќниците од Кабул треба да се вработат и доселат во што поголем број за да ја разретчат концентрацијата на православните ништожници.
Мораме да интервенираме во националната супстанца со вакцини во форма на луѓе.
На нормални луѓе.
На луѓе кои ќе имаат сертификати дека немаат ниту една македонска тетка во последните сто колена.
Македонија има потреба од еден милион такви луѓе, со тоа што има територија и ресурси околу кои луѓето, заедницата и државата би можеле комотно да се репродуцираат и да просперираат.
Да имавме такви Афгани, Тони Михајловски сигурно немаше да биде кандидат за градоначалник на Куманово, дури и на една злосторничка инсталација каква што е вмро-дпмне. Или, таа злосторничка инсталација немаше на секој чекор да се компромитира под водството на една глуперда со злосторничка агенда по име Христијан.
Народот чија историја е историја на бегалствата, печалбарството и гастарбајтерството, значи народ чии луѓе наоѓале спас од сиромаштијата, се реализирале како работници, стручњаци и научници или спасувале жива глава пред разноразни непријатели во други средини, од Бугарија до Узбекистан, од Австралија и Нов Зеланд до Европа, Америка и Канада, не ги сопира бегалците кога им вика не на Афганите, туку се екскомуницира себе си од цивилизираниот свет и од сопственото историско битие.
Конечно, се лишува себе си од важни развојни и упристојувачки потенцијали.
Бугарија да ни ја крене рампата, а ние да ја спуштиме!?
Ако Софија нѐ држи во статусот на непожелни во однос на Европа, зошто Мицко сака да ги држиме Авганистанците непожелни и за Европа и за нас?
Бегалците и вакцините се две теми преку кои Македонците водат во трката по постнаучното време.
Какво задоволство!?
Тоа фрлање на прангите.
Јурат кон замрзнатото време.
Без календари, часовници и годишни времиња.
Без дропки, вектори и алгоритми, без математики и нацртни геометрии, време во кое два и два нема да бидат четири, туку толку колку што ќе рече некоја партиска будала, време без елити, време на народот кој се ослободува од стегите на науката и на наметнатите стандарди и се чувствува комотен во одвоеноста на себе како ништожност од битието како инструмент на ропството.
Врз исти ментални и културолошки основи нацијата го роди и го разви феноменот на вмро-дпмне, таа црвена панделка со моркови и лавчиња на која се беси во својата соба во балканскиот депанданс на хотелот Европа, криминализацијата на националниот статус во рамките на Југославија, преродбата во сто и кусур чекори, антиквизацијата и националната и општествена десубјективизација како заеднички именител на проливот од кој боледува во последните триесет години.
Добро, баталете го ковидот, што ќе се случи кога ќе треба да отидете на операција, да речеме, на слепото црево. Дали ќе се оперирате или ќе ризикувате да ви турат некое не толку слепо црево, можеби, дури видовито, еднооко, киклоп црево. Плус вакцина против делтата. Како жената антиваксер ќе дозволи да ѝ чепкаат во вагината. Дали сте сигурни дека стентовите во вашите артерии не се мали станици со кои Бил ги контролира вашите расположенија и вредносни, можеби и сексуални ориентации? Како можете да бидете сигурни дека Бил нема да ве фрли од авионот додека летате над Северниот Атлантик. Како не ви е шубе од употребата на паметните телефони, таблети и компјутери. Од ботоксите и силиконите. Знаете ли што внесувате во организмот со апчињата за кои ве увериле дека се аспирини. Како знаете дека бебето што го родила вашата жена е исто со тоа што ќе ви го дадат при напуштање на болницата.
Што сѐ има во аргентинскиот ослиќ и стек.
А?
Лазар Попов цитира некој умен човек, а јас ќе го цитирам него:
11 години инвестираа за да го направат злото не само општествено прифатливо, туку и пожелно. Неписменоста ја направија посакувана норма. Урлањето омилена активност. Деконтаминацијата бара многу ресурси. Но ете, во нивен недостаток, тука е еволуцијата, да ни подаде пријателска рака. Идемо даље.
Можеби да се сплотиме, а, претседателе?
Јас пак верувам дека во прилог на нормалноста говори и фактот дека, ако глупоста ја ослободиме од потенцијалот на вревата, ќе се види дека мнозинството, сепак, сме пристоен свет.
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.