ВМРО-ДПМНЕ во петокот ја започна, како велат, националната кампања „Разговори за обнова на Македонија“.
Стартувајќи во Битола, ВМРО -ДПМНЕ најави дека кампањата ќе биде во два дела: интерактивна програма која ќе ја пишуваат граѓаните за секој град одделно и стратешки дел, посветен на стратешките проекти значајни за цела држава.
Пред битолчани, Христијан Мицкоски, лидеротна ВМРО-ДПМНЕ, вети дека како идна власт се обврзуваат Битола да ја направат културен и универзитетски центар и ќе ја вратат публиката на стадионот под Тумбе Кафе.
Како што најави Мицкоски, тие се генерација што ќе бидат слуги на народот, а не обратно, кои со крв и пот ќе ја обновуваат државата.