На денешната коференција на која беше презентирана националната кампања „Вакцинирај се“, премиерот Зоран Заев на новирарско прашање одговори дека ќе примиме повеќе авганистански бегалци, затоа што имаме големо срце.
„Веројатно бидејќи имаме поголемо срце од сите други. Веројатно затоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други. Нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, па знае колку е важна помошта, посебно бидејќи ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи, одземање на животот и сите страотни сцени кои ги имаме видено, рече Зоран Заев.
Тој истакна дека ливата кои ќе дојдат од Авганистанците, ќе добијат статус на времен престој за 90 дена.
„Немаме случаеви на барања на политички азил, но согласно меѓународно право ќе бидат разледани евентуални такви барања. Некои од бегалците кои ќе дојдат веќе најавиле дека веднаш ќе заминат во друга држаа, други дека ќе заминат во рок од 15 дена. Но, сеедно, секој ќе добие времен престој во траење до 90 дена“, изјави премиерот Заев.