ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: Растот на извозот од зоните за 56 проценти е знак дека се надминуваат последиците од кризата

August 25, 2021 19:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски смета дека коронакризата во зоните е помината и оти компаниите успешно се прилагодуваат на новите околности настанати по кризата. За тоа, според него, говори и растот на извозот од зоните за 56 проценти во периодиот јануари – јули годинава во однос на лани, но, уште поважен е растот од осум проценти во однос на 2019 и повеќе од 30 проценти во однос на 2018 година. Тоа, нагласува, значи дека преткризното ниво не само што е достигнато, туку успешно е надминато.

Тој во интервју за „Жешко политичко лето“ на телевизија „Канал 5“ истакна дека со нов различен пристап во привлекување инвестиции, успеале повисоките плати да ги наметнат како клучен сегмент во инвестициските планови на идните странски инвеститори. 

– Не трчаме по камери и лопати, туку трчаме по поголеми плати за поголем број наши сограѓани и повеќе пари во буџетот. Бенефитот од странските инвестиција не е да имате успешна политичка кампања или да се претставите како успешни политичари. Бенефитот е што повеќе наши сограѓани да добијат подобри плати. Во изминативе девет месеци воведовме квалитативно различен пристап во привлекување на инвестиции. Ако фокусот порано, на нашите претходници и политички опоненти бил насочен кон поголем бројот на работни места и колку тоа ќе го продадат како успех во јавноста, нашиот е поголеми плати и тоа не прави различни. Од она што го гледаме сега во инвестициските планови дури и кај постојните инвеститори кои сакаат да вложат во нови проекти имаме плати за 20 до 30 проценти поголеми, рече Деспотовски.

Очекува до крајот на годинава да продолжи трендот на раст на просечните плати во зоните, откако и минатата пандемиска година беше регистриран раст од 5,5 проценти, а беа задржани и сите работни места.

Најави и нова досега најголема инвестиција во земјава.

– Преговорите за досега највисоката инвестиција во земјава со вкупен обем од 100 милиони евра со германска компанија која е веќе активна во зоните се во завршна фаза. Тоа покажува дека деловната клима која ја наметна оваа влада и ТИРЗ, како и членството во НАТО и поинаквиот пристап влијаат врз тоа и постојните компании решаваат да инвестираат во нови фабрики. Воведовме нов начин на комбинирање на помошта и индивидуализирани пакети што не прави различни од другите. Покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот на странските инвеститори, рече Деспотовски. 

Појасни дека од тоа колку инвестициите ќе бидат квалитетни, ќе зависи и поддршката што државата ќе им ја дава на инвеститорите.

-Не може тој што дава 17 илјади денари, 30 илјади денари или бруто плата од 2000 евра да добие ист третман од страна на државата. Ќе му дадеме подобар третман на тој кој дава повеќе за државата и за граѓаните, подвлече директорот на ТИРЗ.

извор; МИА
Next Post

Без струја утре дел од општините Кисела Вода, Чаир, Карпош и Студеничани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk