ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува јубилејното 60 издание на Струшките вечери на поезијата

August 26, 2021 08:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19 и без дел од традиционалните содржини денеска во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.

Официјалното отворање ќе биде вечер на летната тераса во хотел „Дрим“, а претходно на летната сцена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба „60 години Струшки вечери на поезијата“. Годинава ќе изостане традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот, поради неможноста да присуствува добитничката на Златен Венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Според најавите на Фестивалот, лауреатот, ќе има видео обраќање и поетско, читање.

Јубилејното фестивалско издание ќе се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, што според НУ Струшки вечери на поезијата, го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот.

Најголем дел од поетските читања и портретите на фестивалот ќе се одржуваат на летната тераса во хотел „Дрим“ и на летната сцена во Центарот за култура, а најавено е присуство на 30-тина поети од земјава и светот.

Манифестацијата завршува на 30 август, в недела со меѓународното поетско читање Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, на летната тераса во хотел „Дрим“.

Фестивалот, како што неодамна најави дирекцијата, ќе се одржува со целосно почитување на најновите мерки за заштита од коронавирусот.

– Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст, соопшти установата.

Програмата ќе се пренесува во живо на официјалниот Youtube канал на Струшките вечери на поезијата.

Next Post

Партиите ги објавуваат кандидати за локалните избори, СДСМ утврди уште 16

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk