Фудбалскиот клуб Кул кој работи 14 години со млади категории, оваа година заплови и во водите на женскиот фудбал. Клубот формира женска екипа во која се вклучија девојчиња од различна возраст.
Тренинзите ги води помошник тренер на селекторот на македонската женска репрезентација Тања Крстовска.
Женскиот тим за првпат ќе се натпреварува со сениори во Женската фудбалска лига, додека пак помалите девојки ќе се натпреваруваат во детските и младински лиги, каде претходно заземаа учество во склоп со момците.