Многу реакции – од кои повеќето пофалби – предизвика првото годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието, во кое тој жестоко удри по судскиот систем, по организираниот криминал и корупцијата, како и по причините за масовно иселување на граѓаните од земјава, пишува Слободен печат.
По завршувањето на говорот, од власта се слушнаа само пофални зборови и убедувања дека Македонија конечно има натпартиски претседател, а од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Пендаровски сè уште не е излезен од чевлите на СДСМ. Пофалби пристигнаа и од албанските партии, кои истакнаа дека е рано да се оценува претседателот, но дека не може да се занемари фактот оти неговиот говор бил повеќе од коректен.
Според политичките аналитичари, пак, Пендаровски засега во многу сегменти се разликува од својот претходник Ѓорге Иванов, за кого, како што посочуваат експертите, департизацијата беше непознат поим. Најдобар пример за натпартиски шеф на државата, посочуваат експертите, претставува покојниот Борис Трајковски, кој, како што потсетуваат, во еден момент дури имаше поконкретен однос со тогашната опозиција отколку со владејачката партија чиј кандидат беше на изборите. Своевремено, додаваат познавачите, Пендаровски тогаш беше советник на Трајковски и очигледно извлекол некои вредни поуки за тоа како треба да се води држава.
Целиот текст ТУКА