ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажни вести го „заспаа” Бајден

August 29, 2021 19:04
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници корисници на социјалните мрежи, но и повеќе десничарски медиуми во САД и светот, споделуваат видео, во кое се шпекулира дека претседателот на САД, Џо Бајден заспал за време на состанокот со премиерот на Израел, Нафтали Бенет, кој се одржа во петокот, 27 август во Белата куќа во Вашингтон, информира ЦИВИЛМЕДИА.мк.

Како главни извори на оваа дезинформација или тенденциозна манипулација на Твитер се посочуваат објавата Твитер профилот на ЕХА Њуз, Твитер профилот на Галит Дистал Атбаријан, член на израелскиот Кнесет од опозициската конзервативна партија Ликуд на поранешниот премиер Нетанјаху, Твитер профили на влијателни конгресмени и личности од  кругови блиски на републиканците, како и други американски десничарски медиуми, аналитичари и инфлуенсери. Веста потоа беше проширувана и од медиуми блиски до руската пропаганда, како Раша тудеј.

Овие објави ги земаа здраво за готово и дваесетина македонски медиуми, меѓу кои и неколку што важат за сериозни и професионални.

И тие ја објавија лажната вест дека Бајден заспал на средбата со израелскиот премиер, иако, доколку внимателно се погледне видеото, се гледа дека Бајден мрда со вкрстените дланки и внимателно го слуша соговорникот.

 

 

Лажната вест не ја објави ниту еден познат и кредибилен светски медиум.

Познатиот фактчекер на Си-Ен-Ен, Даниел Дејл, објави твит со кој ја означи оваа вест како лажна вест. „Ова со „заспивањето на Бајден“ е нонсенс. Целосното видео покажува: 1) Бајден зборува 2) Бајден погледнува накај Бенет 3)Бајден гледа надолу, неговите дланки се мрдаат, гледа кон Бенет кога тој ги спомна ‘тешките денови’ од овие недели 4) Бајден веднаш му одговара на Бенет“, вели познатиот новинар и фактчекер Дејл во неговиот твит.

Слични обиди да се оцрни американскиот претседател Бајден за „заспивање“ имаше и минатата година, во пресрет на претседателските избори во Соединетите држави. Тие обиди беа демантирани од кредибилни проверувачи на факти и означени како лажни вести.

Во трка по кликови и читаност, се гази еден од базичните принципи во новинарството, да се провери информацијата пред да се објави, а не да се „лета“ по манипулации од социјалните мрежи. За жал, многу медиуми, особено интернет-портали, не го прават тоа, и ги користат овие вирални објави за да ја подигнат својата популарност кај корисниците на социјалните мрежи.

 

 

ЦИВИЛ препорачува зголемена будност кај граѓани(К)те при консумирање на медиумските содржини, особено на вакви содржини на социјалните мрежи, кои поради нивната актрактивност брзо стануваат вирални и популарни, но не содржат никаква информативна вредност и се користат за манипулација на публиката

Воедно, Организацијата го повторува апелот до професионалните медиуми, да се вклучат поактивно во борбата против дезинформациите, да ги проверуваат повнимателно вестите, да ги препознаваат и демаскираат на објавите со лажни вести, кои покрај неточни информации најчесто користат и говор на омраза и се употребуваат за политичка манипулација.

Исто така, се препорачува на медиумите да посветат поголемо внимание во проверка на вестите и модерирање на коментарите со говор на омраза на публиката на нивните страници на социјалните мрежи.

Next Post

На Табановце се чека 90 минути за излез од државата

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk