ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев – Дендиас: Нашето пријателство и успешна економска соработка е основа за многу придобивки за граѓаните на двете држави

August 31, 2021 14:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендиас, со кого позитивно го оценија динамизирањето и континуираното зајакнување на политичкиот дијалог во последните неколку години, со цел градење пријателство и доверба меѓу двете соседни земји.

На средбата, на која дел од повеќечлената грчка делегација беше и заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, премиерот Заев посакувајќи му срдечно добредојде на шефот на грчката дипломатија Дендиас, изрази благодарност за поддршката која грчката Влада ја дава на нашата земја во однос на успешно остварување на нашиот пристапен процес за членство во ЕУ, соработката на промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и помошта за совладување на здравствено-економската криза која беше предизвикана од пандемијата од КОВИД-19.

На денешниот состанок, од особена важност беше оценета економската соработка меѓу Северна Македонија и Република Грција, која, како што беше нагласено, е одраз на пријателството и соработката на двете земји во повеќе области, што произлегува од имплементацијата на Преспанскиот договор, кој е голем чекор за зголемување на соработката во бизнис секторот, енергетската област, транспортот дигитализацијата, културата, областа на одбраната.

Денешната средба, премиерот Заев ја искористи да ја информира грчката страна за значајните активности кои од страна на државата се преземени за прилагодување на обврските од Договорот од Преспа, како и натамошни планирани соодветни процедури.

На средбата беше констатирано дека Република Грција останува гласен поддржувач на Северна Македонија и земјите од регионот во нејзините напори за европска интеграција, истовремено, позитивно беше оценета силната и безрезервна поддршка што Грција постојано ја  дава на Северна Македонија како рамноправна членка во НАТО.

„Нашата Влада смета на грчка поддршка меѓу земјите членки на ЕУ во однос на нашето членство, бидејќи тоа е нашата единствена алтернатива и од особено значење и важност се односите и соработката меѓу нашите две земји за нашето пристапување во Европската Унија“, рече премиерот Заев оценувајќи го особено позитивно периодот по Преспанскиот договор, за кој е карактеристично интензивирањето на  пријателските односи особено преку средби, контакти и иницијативи спроведени на сите нивоа.

На денешната средба беше констатирано дека соработката на земјите членки на Европската Унија е доказ дека сите отворени прашања можат да се решат преку дијалог, а за тоа се доказ многу поранешни несогласувања меѓу земјите, кои денеска имаат одлична соработка на сите нивоа.

На средбата меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи на Грција Дендиас, позитивно беше оценета вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и Грција, за јануари-август 2021 година која изнесува 395,8 милиони американски долари, со раст од 20,3 % во споредба со истиот период во 2020 година со заклучок дека вистинскиот начин за успешна соработка меѓу земјите е зголемувањето на економската соработка, која носи придобивки за сите граѓани, кои се одразуваат на нивниот квалитетен и просперитетен живот.

Next Post

Д-р Наумовски за СП: Пациентката не избега, постојано излегуваше од прозорец, испишана е од болница

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk