ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ: Одговорност е на целото општество училиштата да бидат безбедни и отворени

August 31, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

УНИЦЕФ го повикува целото општество да вложи напори училиштата да останат безбедни и отворени, додека децата се подготвуваат да се вратат на настава со физичко присуство. Според УНИЦЕФ, најдобрите интереси на децата мора да бидат централни за секоја одлука околу работењето на училиштата.

Претставникот на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џован смета дека отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е критичен чекор за секое дете да има пристап до квалитетно образование со кое се градат и се признаваат вештините што им се потребни на децата и адолесцентите – вклучувајќи јазична и математичка писменост, дигитални, претприемачки и вештини за работа.

-Децата и младите не смее да ризикуваат уште една година со нарушено учење. Пред пандемијата на КОВИД-19, Северна Македонија се соочуваше со образовна криза, при што над половина од сите петнаесет годишници во земјата не успеаја да покажат основни познавања во читање и математика. Сега, повеќе од кога било, потребно е целата земја да даде приоритет училиштата дa останат безбедни и отворени за учениците да го надоместат изгубеното во учењето и менталната благосостојба, истакна Патриција Ди Џован.

Дури и во заедниците со највисоки стапки на КОВИД-19, Светската здравствена организација (СЗО) препорачува да се разгледаат сите опции за продолжување на наставата со физичко присуство.

Џихан Тавила, претставник на СЗО во Северна Македонија вели дека КОВИД-19 станува вирус со кој мора да научиме да живееме, па сега, императив е да се намали нарушувањето во образованието на децата и младите, без оглед на нивната возраст.

-Доказите се јасни дека отсуството од училиште предизвикува значителна штета по образовниот успех, животните шанси, менталното и физичкото здравје. Со можноста во Северна Македонија да се понудат две дози вакцини за сите возрасни лица и адолесценти над 12-годишна возраст, сега приоритет е да се обезбеди директно, безбедно и висококвалитетно образование за сите ученици – особено кога знаеме дека директните клинички ризици за децата се екстремно ниски, додава Тавила.

Според УНИЦЕФ, затворањето на училиштата негативно влијае на учењето, здравјето и благосостојбата на учениците во критичните развојни фази со длабоки последици за секое дете, неговото семејство и нивната економија. Многу од овие деца никогаш нема да фатат чекор.

Оттаму сметаат дека со воведување мерки за ублажување на ризикот, училиштата се безбедни средини за децата.

-Најновите докази покажуваат дека училиштата не го поттикнуваат ширењето на КОВИД-19 во заедницата и КОВИД-19 не претставува висок ризик за децата. Затворањето на училиштата има големо негативно влијание врз најранливите деца кои имаат многу помали шанси за пристап до далечинско учење и почесто се изложени на насилство, злоупотреба, занемарување, детски труд и брак, и други ризици, соопштија од УНИЦЕФ. /МИА/.

Next Post

Заев: 8 Септември ќе остане запаметен како ден кога се обединивме со верба за подобра иднина во независна држава

НАЈНОВО

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk