ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Целта на ЕУ со вакцинацијата е постигната, некои земји размислуваат за задолжителна имунизација

September 1, 2021 09:15
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата за вакцинација против коронавирусот во Европската унија започна кон крајот на 2020 година, а целта беше до крајот на септември 2021 година да се вакцинираат 70 проценти од луѓето постари од 18 години.

Европската унија ја постигна својата прва цел за масовна вакцинација против Ковид-19 во голема симболична пресвртница, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Седумдесет отсто од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани, што е повеќе од 250 милиони луѓе, истакна таа во кратка видео изјава, најавувајќи го тоа како „големо достигнување“.

Фод дер Лајен додаде дека „пандемијата не е завршена и ние мора да останеме будни“.

Таа воедно повика повеќе Европејци брзо да се вакцинираат, со цел да се „избеге нов бран на зарази и појава на нови мутации“.

– Унијата, исто така, треба да им помогне на другите земји да се вакцинираат, нагласи Фон дер Лајен, „бидејќи ние ќе ја победиме оваа пандемија само ако ја поразиме во секој дел на земјината топка“.

Во Италија досега се вакцинирани 67 отсто од граѓаните. Сепак, тој процент се уште не е доволен за да се постигне колективен имунитет, што експертите веруваа дека ќе се случи до оваа есен. Поради големиот број Италијанци кои не одговорија на апелот да се вакцинираат, а со цел да се избегне ново затворање на земјата и преполни болници, мнозинството во италијанскиот Парламент смета дека единственото можно решение е задолжителната вакцинација.

Повеќе од 14 милиони граѓани на оваа земја не одговориле на сите претходни апели за имунизација. И бидејќи летото се приближува кон крајот, а епидемиолошката состојба се влошува, на последната седница на Владата е одлучено до крајот на септември да се донесе одлука за задолжителна вакцинација за одредени категории граѓани. Засега се вели дека ќе треба да се вакцинираат сите вработени во државните и јавните институции, потоа целиот училишен и универзитетски персонал, но и други категории граѓани.

Државниот секретар во италијанското Министерство за здравство Пјерпаоло Силери истакна дека таквата одлука, иако ултимативна, би била единствено разумна.

– Ова е последен повик за имунизација. Ако до 15 септември не вакцинираме 80 отсто од населението, ќе мора да размислиме за воведување задолжителна вакцина, рече Силери.

Додека бројот на заразени со коронавирус во Италија се зголемува во изминатите неколку недели, а болниците повторно се полнат, 90 проценти од пациентите кои се моментно на лекување, не се вакцинирани или ја примиле само првата доза од вакцината против Ковид-19.

Во меѓувреме, водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи изјави дека поддржува вакцинацијата да биде задолжителна за учениците, бидејќи делта сојот на коронавирусот се шири низ САД.

– Верувам дека задолжителната вакцинација на децата од основните училишта е добра идеја. Ова го правиме со децении, кога станува збор за вакцинација против детска парализа, сипаници, заушки, рубеола, хепатитис, рече Фаучи за Си Ен Ен.

Моментно децата под 12-годишна возраст не можат да ја добијат вакцината во САД, но Фаучи во неодамнешното интервју за Еј Би Си нагласи дека до октомври ќе се соберат доволно податоци за да може Американската аагенција за храна и лекови (ФДА) да разгледа дали вакцината е безбедна за деца на возраст под 12 години.

Директорот на Вектор, Рускиот државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија, Ринат Максјутов истакна дека вакцината против Ковид-19 во форма на спреј за нос би можела да биде достапна есента 2022 година по клиничките тестирања.

– Многу лаборатории низ светот работат на вакцина во облик на капки за нос, но досега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи се потребни клинички тестирања, мислам дека вакцината во облик на спреј за нос ќе биде достапна следната есен, рече Максјутов.

Според претходните извештаи, рускиот центар Гамалеја планира да започне со тестирање на овој тип вакцина кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година, како и да ја регистрира следната година. Центарот, исто така, развива вакцина во облик на капки за нос.

Светската здравствена организација (СЗО)  соопшти дека третата дополнителна доза на вакцината против Ковид-19 е начин да се заштитат најранливите, а „не е луксуз“.

Претходно во август, СЗО објави дека податоците не укажуваат на потреба од дополнително вакцинирање и дека давањето дополнителна доза на целосно имунизирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните земји.

– Третата доза на вакцината не е луксуз, кому е одземен на некој што се уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите, истакна Ханс Клуге, шеф на СЗО за Европа, на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека порастот на бројот на заразени со Ковид-19 низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниско ниво на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЗО следи нов сој на коронавирусот, варијантата Му

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk