ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Работиме на сите можни фронтови за побрзо да почнеме преговори

September 1, 2021 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска по средбата со неговиот дански колега Јепе Кофод изјави дека иако политичката ситуација во Бугарија е доста комплексна, со оглед дека таму ќе има трет изборен циклус, земјава ќе продолжи да работи и со Софија и со европските партнери, со цел побрзо почнување преговори за членство во ЕУ.

– Јас сум оптимист по природа, но од искуството од претходните месеци ќе биде сигурно не така лесно да се стигне до решение. Но, ние ќе продолжиме да работиме и со Република Бугарија, меѓутоа и со европските партнери. Присуството на министерот овде, неговите силни зборови на поддршка, неговата констатација дека земјата заслужува почеток на преговори, дека треба да ги почне преговорите е навистина силна порака која што одекнува секаде низ ЕУ, а верувам дека и во Република Бугарија бидејќи не е прашање само на тоа дали Република Северна Македонија ќе ја одржи првата конференција оваа година, туку која е перспективата на регионот по однос на Унијата и кој е кредибилитетот на целиот овој процес, рече Османи.

Според него, пораките што вчера ги упати шефот на грчката дипломатија Никос Денсиас, и денеска министерот на Данска, Кофод, се силни пораки коишто охрабруваат и даваат оптимизам дека земјава е на вистинскиот пат.

– Тоа се навистина силни пораки коишто ме охрабруваат мене, ми даваат повеќе оптимизам, но е најважно ги охрабруваат граѓаните дека оваа земја е на прав пат, оваа земја е подготвена, оваа земја има перспектива и не е прашање дали ќе ги започне преговорите и дали ќе стане членка на ЕУ, туку кога тоа ќе се случи и на тоа работиме на сите можни фронтови за да биде што побрзо, истакна Османи.

Претходно, данскиот министер Кофод, кој се наоѓа во прва посета на земјава, на прес-конференцијата со Османи рече дека Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и оти Данска ќе се залага за тоа. Изрази надеж оти преговорите ќе почнат што е можно побрзо и рече дека Данска цврсто стои зад Северна Македонија, а исто така и дава силна поддршка за реформите што земјава ги презема во изминативе години, но и претходно. /МИА/.

Next Post

Шахпаска на средба со Рене Шлее​, новиот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk