ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани

September 1, 2021 14:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посета на клонот „Сончогледи“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во општина Кисела Вода.

Таа посочи дека по една година искуство можат да говорат за тоа дека кога се почитуваат доследно протоколите, коишто се пропишани од страна на Комисијата за заразни болести, а коишто се прифатени од страна на Владата безбедно, згрижувањето на децата во градинките е безбедно.

– Нашиот апел којшто произлезе и од заедничката средба со директорките на скопските градинки, меѓутоа и градинките од целата држава е сите вработени да пристапат  кон процесот на вакцинација, затоа што преку грижа за личниот имунитет тие придонесуваат и за колективниот имунитет, пред се за грижата за нашите најмлади, односно за децата згрижени во градинка, нагласи Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика наведе дека е спроведен и онлајн состанок со останатите вработени коишто се уште не се вакцинирани и три доктори заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести со цел разбивање на дилемите коишто ги имаат невакцинираните вработени во градинките.

– Јас и понатаму заедно со сите вработени од МТСП будно ќе ја следиме состојбата со вработените во градинките, со бројот на позитивни како вработени, така и деца. Имајќи предвид дека претходно не постоеше трансмисија меѓу дечињата во градинките се надевам дека и овој број на вирусот од пандемијата на КОВИД -19 предизвикан со делта сојот ќе успееме безбедно да го премостиме и да се вратиме на нашето нормално секојдневие, рече Шахпаска.

Околу протоколите, министерката рече дека остануваат протоколите, односно вработените прво треба да си ја измерат сопствената температура и во текот на целиот ден да носат заштитни маски. Согласно протоколите, додаде таа, да не влегуваат во други групи освен во групата за која што се конкретно задолжени, честа дезинфекција во услови кога им дозволуваат временските прилики и работа на отворено со децата и често проветрување на просториите во коишто престојуваат.

Во врска со зарезените со Ковид-19 во градинките, Шахпаска наведе дека во петокот бројката на позитивни вработени е 17 и шест позитивни дечиња. Сепак, како што рече. можам да кажам дека состојбата во градинките е стабилна и е под контрола

–  Имајќи го предвид фактот што сега се очекува поголемото присуство на децата од 1 септември во градинка ние будно ја следиме состојбата, поотенцираше Шахпаска.

Таа информираше дека во моментот, бројката од петокот е 4.408 деца присутни во градинките, а бројот на слободни места, согласно со вчера важечките протоколи е 25.500.

Околу сместувачките капацитети во градинките, министерката посочи дека согласно анализите, коишто ги имаат, согласно епидемиолошката состојба во моментов покриени се потребите, меѓутоа факт е дека ни недостасуваат нови места за сместување на деца во градинките.

– И пред пандемијата имавме потреба од отворање на нови градинки, односно нови сместувачки капацитети. Сакам да истакнам дека и во услови на пандемија МТСП заедно со локалната самоуправа, заедно со општините продолжи со процесот на градење на градинки. Редовно ги истакнуваме бројките. За една година отворивме 15 нови градинки на територијата во целата држава, дури и во рурални средини затоа што за нас како Министерство, но пред се како Влада секое дете во државата е важно. И до крајот на годината сериозно се финализирани работите на постоечки околу 10 градинки коишто очекувам да бидат отворени, меѓутоа заради процесот на избори нема да биде тоа свечено отворање на градинките, ние би оделе да направиме увид до каде е финализирање на работите на градинките, потенцираше Шахпаска.

Таа информирашње дека како Министерство испратиле допис за зголемување на групите со дополнителни дечиња.

– Меѓутоа секогаш бевме одбивани се до минатата недела кога е внесена таа одлука, препорака на Комисијата за заразни болести и вчера на владина седница беше донесена одлуката за проширување на бројот за дополнителни пет деца. Ние веќе имавме една измена на протоколот на 19 мај кога беше зголемен бројот од 15 на 20 деца во групите од две до шест години, а сега се зголемува тој број за дополнителни пет деца. Јас верувам дека грижата за децата ќе биде на ист начин како и за тие 20 деца, дека ќе биде безбедна и дека доследно ќе се почитуваат протоколите, заклучи Шахпаска.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Започнуваме со опремување на 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk