ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Започнуваме со опремување на 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава

September 1, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Министерството за образование започна со опремување на 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава, бидејќи тие со години беа подзаборавени во основното и средното образование, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска на прв училишен ден во ООУ „Панко Брашнаров“ во Велес. Воедно информира дека ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес е едно од првите училишта во земјава кое доби современ кабинет за природни науки по физика, хемија, биологија и географија.

Таа потенцира дека со тоа наставниците сега го имаат потребниот ресурс за работа.

-Сите останатите елементи за работа во овие месеци ќе пристигнуваат со тоа што обезбедуваме услови за работа на учење преку истражување, критичко размислување, донесување на одлуки тие тоа да го прават во кабинетите и да имаат можност да соработуваат со сите останатите наставници, појасни министерката Царовска.

Најави дека МОН продолжува со опремување на училиштата и продолживаат со активното инвестирање во образованието со цел за просперитет и прогрес.

Воедно информира дека во ООУ „Панко Брашнаров“ во Велес има деца кои се од ранливи категории кои добиле и опрема ,таблети, а добиле и кабинети. Таа рече дека МОН работи на пристапот до образование на секое дете, посебно на најранливите категории кои треба да добијат и најголема поддршка.

Во дворот на ООУ„Панко Брашаров“ среќен почеток во новата учебна година на учениците и наставниците им посака и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани  и градоначалникот Аце Коцевски, кои денеска го посетија оваа училиште и ги разгледаа ново опремените кабинети.

Царовска во своето обраќање до присутните  истакна дека сите сме среќни и задоволни затоа што конечно добивме училишта и училници полни со ученици и наствници што  е најголемата среќа за еден образовен систем.

-Минатата година покажавме дека можеме да се справиме и со учење од дистанца и дека можеме да имаме следење на распоред  и наставниците се справија со тоа. Голема благодарност до нив за целата поддршка, но иста така и поддршката од родителите без коишто немаше да можеме да имаме успешна учебна година, потенцира Царовска.

Додаде дека оваа учебна година наставниците ќе бидат во училница и почнуваат со физичко присуство.

-Мора да истакнам дека како министерство како Влада сме подготвени за уште две сценарија префрлување хибриден систем како што беше минатата учебна година дел од учениците во училница дел преку онлајн учење од дистанца или целосен онлајн,појасни Царовска.

Таа потенцира  дека од сите кои се дел од овој образовен систем очекува да бидат одговорни.

-Затоа што мала неодговорност може брзо да не насочи кон промена на сценариото. Нашето најпосакувано сценарио, а и сценарио во највисок интерес на учениците, а што е во интерес на државата е децата да се во училиште.Тукму затоа како  и сите развиени земји оваа учебна година се обидуваме учебната година да започне и продолжи со физичко присуство. Ако секој од нас е одговорен сметам дека ќе можеме во континуитет да го зачуваме јавното здравје и да го одржиме образовниот процес со физичко присуство во континуитет,порача Царовска.

Министерката Царовска потсети дека во овој период направиле промени и во стручното образование и во средното образование. За 6 проценти го зголемиле бројот на запишани ученици во техничките училишта и во дуално образование што понатаму дава можност тие да бидат поприлагодени и пообучени и пооспособени за пазарот на труд,или побарувањата коишто ги има реалниот сектор.

-Ги воведуваме и дигиталните учебници и тие беа предизвик и за нив многу се зборуваше во јавноста. Но тоа што го водов кај наставниците денес дека тие се среќни затоа што имаат пристап до мултимедија,затоа што часот нема да биде стереотипен.Нема да ги тераме учениците да препишуваат од учебникот,туку напротув ќе им дадеме содржини за истражување и можност  преку работа да стигнат до знаење.Само таквото знаење е вистинско знаење коешто ќе им даде подобри резултати,не само на меѓународните тестирања,туку пдобри резултати во следните нивоа на образование,а со тоа ќе ги направи и многу попродуктивни граѓани коишто може да се справуваат со предизвиците на новото време истакна Царовска. 

извор: МИА

Next Post

Пендаровски – Кофод: Северна Македонија продолжува да работи на реформската агенда

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk