ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за проширувањето на ЕУ во Блед: Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот

September 1, 2021 19:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“.
На панелот, на кој зедоа учество премиерот на Словенија Јанез Јанша, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, премиерот на Косово Албин Курти, премиерот на Албанија Еди Рама,  претседателот на Бугарија Румен Радев и Кристијан Шмит како специјален претставник за Босна и Херцеговина, беше споделена согласност дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е придобивка и за Европа и за регионот.

Премиерот Заев во дебатата на панелот истакна дека Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот.

„За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива“, потенцираше премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев потсети дека нашата земја е веќе 16,5 години земја кандидат и земја која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година веднаш после Словенија, а пред Република Хрватска.

„Ги спроведовме сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ, како и сите критериуми утврдени согласни процедурите за проширување на Брисел. Имаме 12 препораки и конечна препорака на Европската комисија со Европскиот совет дека земјата може да ги почне преговорите за членство со организација на првата меѓувладина конференција. Имаме одлични односи со соседите и ги надминавме отворените прашања со што ни се отворија вратите за да бидеме 30-та членка на НАТО. Имаме функционално мултиетничко општество кое ги доби сите признанија и се препознава како модел и пример за другите, и се надевам дека конечно ќе ги започнеме преговорите по поглавјата за членство во ЕУ“, нагласи премиерот Заев на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на Бледскиот стратегиски форум во Словенија.

Премиерот Заев говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ за која рече дека е иницијатива посветена на соработката меѓу земјите од регионот за да ги постигне европските стандарди за квалитетен живот за граѓаните и за одржување на мотивацијата за остварување на членство во ЕУ.

Воведно обраќање на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на Бледскиот стратегиски форум имаше претседателот на Словенија Борут Пахор кој истакна дека оваа година форумот е специјално посветен на земјите од Западен Балкан и укажа дека регионот е дел од Европа и дека треба да активно да учествува во проширувањето на ЕУ и дека одложувањето на проширувањето ќе предизвика сериозни последици.

Словенечкиот претседател потенцираше дека проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија не е само политичка, туку морална обврска за Брисел и заради фактот што Република Северна Македонија направи сѐ што беше неопходно, а ЕУ за возврат не испорача ништо.

Next Post

Техеран: Продолжување на иранските нуклеарни преговори за два или три месеци

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk