Премеирот Зоран Заев денеска ја искоментира одлуката на актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитривески кој настапува на претстојните локални избори како независен кандидат и неговото исклучување од партијата.
„Еден од начините кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ е да настапите како независен кандидат. Максим се одлучи да тргне против Максим и СДСМ на Центрлниот одбор треба оваа исклучување од партијата да го констатира.Во Куманово ќе победеи тој што победува веќе 30 години, а тоа е СДСМ“, изјави Заев.
Тој вели дека определбата на Димитриевски да не дочека и преурането да настапи како независен кандидат е негова лична одлука.
Димитриевски изјави дека дека неговото ислучување не е легитимно бидејќи не е согласно статутот на СДСМ.