ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нуредини од Гостивар: Секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба

September 2, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини, Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерот за економија Крешник Бектеши, придружувани од  пратеници на зоната,  денес извршија увид во градежните активности за изградба на фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во Гостивар.

Министерот Нуредини во изјава за медиумите истакна дека со овие капитални инвестиции го подигнуваме квалитетот на живеење, инвестираме во заштита на животната средина, и се грижиме за секој граѓанин, бидејќи секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба.

„Средствата, од околу 130 милиони денари, за конкретниот проект се обезбедени од буџетот на Министертството за животна средина и просторно планирање, и треба да опслужи 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар“, истакна Министерот Нуредини.

Вкупната должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 км, додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км. Истотака, со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км.

Покрај овој капитален проект, од буџетот на МЖСПП, во последните години беа обезбедени и реализирани различни проекти, како што е: подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Равен (900.000 денари), изградба на фекална канализација во село Чајле (5.503.462 денари), Чистење на диви депонии (7.053.096 денари), проектот за подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Форине (500.000 денари).  Од буџетот за 2021, истотака се обезбедени 6.000.000 денари  за изградба на канализациски систем за населените места Чајле, Форина, Млаки и Зона 7, за чиј почеток е потребно е да се достави документација од страна на општина Гостивар.

Дополнително, со оглед на важноста на депонијата Русино за граѓаните на Гостивар, Министерот Нуредини нагласи дека брзите мерки во Русино се веќе реализирани и ја најави втората фаза на проектот, за која се обезбедени дополнителни средства како грант во износ од 6,000,000,00 CHF од Владата на Швајцарија како и 17.370.614,00 евра заем од од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во сите општини на полошкиот регион.

Next Post

Заев: Се уште има доволно време за да пристигнат терминалите за отисок од прст

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk