ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Останува надежта дека Бугарија ќе формира влада, за да може до крајот на демекври да се донесе одлука за почеток на преговори

September 2, 2021 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска информира дека во рамки на Бледскиот форум разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев, при што тој изразил надеж дека политичките субјекти ќе успеат да формираат Влада, која е важна за носење одлуки.

– Како што соопштив, на 17 јуни после враќањето од Бугарија каде што бевме, разговаравме, ние ги адресиравме сите важни прашања, го создадовме патоказот, дополнително потврдивме со нота тоа што беше важно за кратко, долго име, за немешање во внатрешните работи и слично. Мислам дека очекувањата да се формира политичка влада би можело да биде во прилог на брзото одблокирање на процесот на Северна Македонија за интеграција во ЕУ, рече Заев во одговор на новинарско прашање дали разговарал со Радев во Блед и кои се очекувањата за одблокирање на процесот.  

Заев потсети и дека на 14 ноември е најавен датум за одржување на третиот циклус парламентарни избори во Бугарија. – Имајќи ги предвид нивните уставни рокови од 15 дена за добивање мандат, останува нашата надеж дека ќе формираат политичка влада за да можеме крајот на декември кога ќе се одржи и Советот на министри, а и Европскиот совет да се донесе одлуката за време на словенечкото претседателство, рече во тој контекст Заев. 

Како што посочи премиерот и по првото разочарување најавил дека декември е следната шанса, затоа што, како што рече, нелогично е да се креваат очекувањата за септември, октомври или ноември.

– Декември е крајот на претседавањето на секоја земја, тогаш се одржуваат и состаноците. Таквите седници се на Општиот совет или Советот на министри и Советот на ЕУ и јас верувам дека можеме да се надеваме до крајот на оваа 2021 година, т.е. до крајот на декември да се донесе позитивна одлука секако во зависност од позитивниот развој на настаните пред се во Бугарија. Ние ќе останеме комплетно позитивни, целосно посветени. Секоја можна средба, верувам дека овој период може да се случат средби ќе ја искористиме за афирмација, истакна Заев.

Заев оцени дека е подобро за граѓаните на Северна Македонија, но исто така е еднакво добро и за граѓаните на Бугарија да продолжиме да го градиме нашето пријателство. – Ние сме први соседи, имаме браќа и сестри коишто буквално живеат во Софија или Скопје поврзани граѓани сме, блиски народи. Јас сум убеден дека тоа се очекувањата и на бугарскиот народ како што е очекувањето и на македонскиот народ, рече Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.  

Премиерот потсети дека во меѓувреме односите со Софија продолжуваат да се развиваат, потсетувајќи дека е зголемена трговската размена, има нови бугарски инвеститори во земјава, продолжува соработката меѓу институциите, а информираше дека се очекува во средината на септември да има одлука за избор на изведувач на втората фаза од железничката пруга која што е 160 милиони евра заради реализација на железничкиот Коридор 8./МИА/.

Next Post

Судењето за „Плацеви на Водно” и денеска одложено

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk