ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Употребата на С. Македонија е понижување кон државата и кон Уставот, смета Заев

September 2, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за се позачестената употреба од страна на политичарите на кратенката за името на државата „Република С.Македонија“, вели да се користи уставното име Република Северна Македонија.

– Делумно ова прашање е преокупација на сите нас во секојдневните работи во коишто работиме. И прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С Македонија и тоа е прво понижување кон државата и Уставот на државата. Секако и Преспанскиот договор што прерасна со Закон со ратификација во Собранието, но кај нас тоа е преточено во Устав. Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја – јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес и слично, но сите се согласуваме со демократијата. И демократијата вели тоа е новиот Устав што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и ЕУ и државата кон уставното име на државата, кажува за секој поединец каков е всушност, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на промовирањето на паралелката фармацевтски техничар во средното медицинско училиште во Скопје „Панче Караѓозов“.

Граѓаните, вели Заев, знаат дека сите треба пред се принципиелно уставно и законски да се однесуваме и останува на сите поединци, пред се на политички субјекти што се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, тоа е нешто што беше бреме, што надвисуваше 27-28 години над нашата земја, ги колеше пред се идните перспективи на сите наши граѓани, пред се на младите, на идните генерации, но исто така ги кочеше и нашите интеграции во НАТО и во ЕУ.

– Уште еднаш користејќи го ова прашање апелирам на почитување на Уставот и законите во државата, а секако тоа е обврска на политичките субјекти за пример тоа да го следат за да може понатаму и граѓаните исто така да прават следење на тоа што значи Устав и законите во државата, заклучи премиерот. /MИА/.

Next Post

Почнаа конзерваторските работи на скопскиот Аквадукт

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk