ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно повлекување на систематизацијата

Покрај деградирањата, велат од синдикатот, новата систематизација ги вкопа во статус кво позициите на голем број дипломати кои и по десетина години работа не биле унапредени соодветно на нивното знаење и искуство.

December 20, 2019 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно укинување на систематизацијата во Министерството за надворешни работи со која, како што тврдат оттаму, многу дипломати биле деградирани, а многу и од нив останале и со „статус кво“ позициите и покрај нивното долгогодишно искуство.

-Оваа систематизација претставува Вартоломејска ноќ за македонската дипломатија. Под изговор за потреба од намалување на раководни работни места, повеќе од триесет (30) дипломати се селективно и спротивно на законските прописи деградирани, што е прв системски случај на деградирања од 1991 година. Во професијата во која се потребни десетина години искуство за создавање квалитетни професионални кадри, голем број дипломати преку ноќ се маргинализирани со деградирање на несоодветни позиции. Ваквиот професионален ролеркостер е проследен и со финансиски ролеркостер, имајќи предвид дека раководството на МНР не се погрижило да ги заштити вработените на кои им се намалени платите и придонесите, вклучително и на оние што се пред пензионирање. Поради тоа произлегоа голем број жалби и судски тужби против раководството на Министерството, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат.

Покрај деградирањата, велат од синдикатот, новата систематизација ги вкопа во статус кво позициите на голем број дипломати кои и по десетина години работа не биле унапредени соодветно на нивното знаење и искуство. Спречувањето на нивниот развој, сметаат, е во спротивност со одредбите на Законот за надворешни работи и делува негативно не само врз нив и нивните кариери, туку и на способностите на целата дипломатија.

-За жал, пропуштена е шансата оваа систематизација да ја организира дипломатската служба на современ начин, со што би добила на ефикасност, квалитет и агилност. Задржан е концептот од почетокот на деведесеттите, кој што е строго централизиран и нефлексибилен. Министер ја контролира работата на сите вработени, вклучително и техничките служби, а организационите единици ја третираат проблематиката од тематски наместо од содржински аспект, па така сродни содржини се делат на различни тела, без нивна суштинска координација. За нефункционалноста придонесува и несмасното фузирање на директорати кои немаат ништо заедничко, освен желбата на неприроден начин да се намали нивниот број, се додава во соопштението.

Поради ваквото масовно нарушување на работните права и затапување на ефикасноста на дипломатската служба, Македонскиот дипломатски синдикат бара најитно повлекување на систематизација и вклучување во изготвувањето на нова модерна систематизација, која ќе даде придонес во создавањето модерна дипломатија, способна да одговори на современите предизвици. Систематизацијата, се потенцира во соопштението, е од интерес и важност за сите вработени на Министерството за надворешни работи, а не на мал елитен круг дипломати.

Next Post

Промовирана Национална стратегија за ретки болести 2020 – 2030

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk