ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уште една недела за проверка на гласачите во Избирачкиот список

September 3, 2021 07:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седум дена преостануваат за јавниот увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври.

Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.

До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список.

– Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.

Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.

Иако кампањата не е започната потенцијалните и најавени учесници на изборите ги започнаа своите активности како на терен меѓу граѓаните така и на социјалните мрежи. Партиите деновиве треба да ги соопштат преостанатите кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори. Тие најавуваат позитивни кампањи, но продолжуваат меѓусебните обвинувања.

До крајот на неделава се очекува во земјата да пристигнат првите 200 терминали од компанијата „Дермалог“ за вчитување на отисоци од прсти на гласачите. Вакви терминали ќе се применат првпат на овие избори.

Премиерот Зоран Заев смета дека се уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст и навремено да се почне со подготовките на изборите што ќе се одржат на 17 октомври.

-Навистина не ги знам деталите и се информирам од медиумите. Мојот личен впечаток е дека ќе стигнат навреме терминалите затоа што има се уште време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места, рече Заев вчера во изјава за медиумите.

Локалните избори на 17 октомври ќе се спроведат согласно Изборниот законик, којшто иако имаше најава нема да се менува.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера изјави дека измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Тој смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту, како што вели, сакаат да вознемируваат кого било или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.

-Ние, како Влада не планиравме никаков потег, затоа што видовме дека имаше блокада и не можеше да се реализира измената на Законот пред летниот распуст на Собранието. Меѓутоа, сега само доколку пратениците мислат дека имаат, има потреба од некаква измена, иако е тешко, со оглед на тоа што времето е кратко до изборите. Собранието работи уште овој месец, некаде до 27 септември, потоа заради кампањата повторно ќе биде на пауза, вели Маричиќ.

Посочи дека остануваат како Министерството за правда и Влада доколку се утврди потреба од измени во Изборниот законик пред спроведување на локалните избори, за да помогнат во делот на формулација и во поддршка за негово донесување. Дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се врзани со конкретни рокови, но сè зависи од волјата и динамиката на Собранието. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преку 20 починати во вчерашниот ковид биланс, ЕЦДЦ вели засега нема потреба од трета доза вакцина

НАЈНОВО

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk