ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врвни странски слависти на 48. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ 

September 3, 2021 09:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Седумдесетина македонисти, слависти и балканисти од земјата и од странство ќе учествуваат на 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), што денеска и утре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид и виртуелно.

Најавено е учество на истражувачи од САД, Русија, Јапонија, Франција, Полска, Словенија, Хрватска и  Србија, како и од нашата земја. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат своите истражувања на носечката тема на Конференцијата – „100 години од раѓањето на Блаже Конески – стожер на македонскиот јазик, литература и култура“. Оттука, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и еден од најголемите научни собири посветени на великанот Конески во рамките на досегашното одбележување на стогодишнината од неговото раѓање.

Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи денеска, со почеток во 10 часот. Поздравни говори ќе одржат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ и проф. д-р Станислава-Сташа Тофовска, којашто е и координаторка на лингвистичката секција на Конференцијата. Во рамките на свеченото отворање ќе биде промовиран и зборникот од минатогодишното издание на конференцијата, при што промотивна реч ќе одржи директорката на Институтот за македонска литература, проф. д-р Наташа Аврамовска. По отворањето, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура, и тоа во текот на првиот работен ден со физичко присуство во Конгресниот центар на УКИМ, а во текот на вториот работен ден, виртуелно.

Особено радува што меѓу учесниците на Конференцијата коишто ќе претстават свои истражувања за делото на Конески се и врвни странски слависти. Меѓу другите, за првпат на конференција организирана од МСМЈЛК при УКИМ ќе учествува и истакнатиот јапонски славист, проф. д-р Мотоки Номачи, којшто пред неколку години ја најде првата современа Граматика на македонскиот јазик – нарачана од президиумот на АСНОМ, а напишана во 1947 година од рускиот професор, Самуил Борисович Бернштејн, но необјавена заради влошените советско-југословенски односи, по што седумдесет години се сметаше за исчезната.

На конференцијата, тој ќе говори за интеракцијата меѓу Конески и Берштајн, преку исчитување и анализа токму на новопронајдени, архивски материјали. Учесничка на Конференцијата ќе биде и проф. д-р Ирена Савицка, којашто е едно од најголемите имиња на полската лингвистика и е соавтор на „Фонологија на македонскиот стандарден јазик“.  Како соавтор на реферат, на Конференцијата ќе учествува и проф. д-р  Грејс Филдер, којашто е еден од најистакнатите балканисти од САД – познавач особено на историјата и културата, како и проф. д-р Елена Вержникова од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Тие се само дел од значајните научни имиња коишто се дел од лингвистичката секција на Конференцијата.

Во секцијата за литература и култура пак, меѓу другите, од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ ќе учествува академик Ала Шешкен, којашто претходно учествуваше и на 54. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а беше промовирана и нејзината најнова книга за македонската книжевност. Исто така ќе учествува и академик Златко Крамариќ од Филозофскиот факул­тет на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, којшто е еден од најпосветените истражувачи на македонската култура во Хрватска.

Меѓу поистакнатите учесници од странство, во оваа секција ќе учествува и проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет во Љубљана, којашто веќе повеќе години покрај тоа што е исклучителен истражувач на македонската книжевност, како универзитетски професор и преведувач е еден од најголемите афирматори на македонската култура во Словенија. Координатор на секцијата за литература и култура е проф. д-р Трајче Стамески.

Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на Конески, коишто ќе произлезат од активностите оваа година, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Меѓународната научна конференција е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Исклучен Дир Максо

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk