Д-р Злате Мехмедовиќ, во разговор за ТВ Сител предупредува дека кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.
Според него, дополнителен проблем за црната ковид-статистика се и невакцинираните граѓани.
– И невакцинираните се сериозен проблем, сега со оглед на тоа како се одвива динамиката, меѓутоа со мало задоцнување. Во основа, ова требаше требаше да го направиме уште на почетокот на летото кога предупредувавме дека делта-варијантата ќе стане доминантна во нашата земја и дека ќе имаме ваков бран. Сега и оние што се вакцинираат денес, пред недела дена или пред 14 дена, иако драстично ја зголемуваат бројката на нововакцинирани, ќе им треба време да стекнат имунитет, објаснува тој.
Извор: Слободен печат